Лакот за коса ви е потребен за да ја подигнете вашата коса од коренот и да ѝ дадете волумен, за да ги поправите кадриците или за да ги скротите и најнепослушните прамени. Лакот ви служи за да ја фиксирате посакуваната фризура, а подолу прочитајте како да го користите за да не ја оштетите вашата коса, а волуменот да ви трае 24 часа.rnrn
rnrnНеопходно е внимателно да изберете лак за коса фокусирајќи се на брендот (подобро е да им дадете предност на докажаните брендови), на волуменот на шишето (во зависност од тоа колку често го користите), на аромата и на посакуваниот резултат (различни степени на фиксација).rnrnЛакот не се избира според видот на косата, како што избирате производи за нега, кремови или гелови што се нанесуваат на влажна коса. Но, постојат неколку видови фиксација. Ако сакате косата да се движи и да не е леплива, потребен ви е мал степен на фиксација. Ако ви треба гаранција за формата на косата во текот на целиот ден, тогаш ви треба појак лак, а лаковите со исклучително силна фиксација се погодни само за комплексни фризури.rnrnЛакот за коса содржи алкохол и треба да внимавате со употребата затоа што можете да ја исушите вашата коса и таа да стане кршлива и безживотна. Поради тоа, неопходно е пред употреба да ја навлажните косата со производи за нега (со маска, балсам или спреј).rnrnНе го користете лакот за коса повеќе од двапати на ден – тоа е доволно за да го задржите посакуваниот ефект.rnrnАко сте отишле предалеку со користењето на лакот и косата ви е залепена, обидете се да ја расчешлате, а ако тоа не помогне, тогаш измијте ја.rnrnНе користете силен лак пред да нанесете топли обликувачи за коса затоа што тоа може да ви ја уништи косата. Лакот треба да се нанесе на сува коса држејќи го спрејот на растојание од 15 до 20 цм. На овој начин ќе избегнете лепење на косата.rnrnЗа да додадете волумен во коренот, префрлете ја косата напред, задржете ја со рацете и нанесете малку лак.rnrnПрочитајте како да имате здрава коса и направете ја оваа маска за раст на косата со лут црвен пипер.rn
Како правилно да користите лак за коса?
