КАФЕ ПАУЗА

Што ќе биде со прегратките по завршувањето на пандемијата?

Што ќе биде со прегратките по завршувањето на пандемијата?

Во свет без физички контакт, луѓето што сакаат да се гушкаат сонуваат за деновите кога ќе ги почувствуваат топлите прегратки и се прашуваат што ќе се случи со гушкањето по завршувањето на пандемијата. Дали луѓето ќе трчаат во прегратка едни со други? Или, наместо тоа, ќе почне традиција на непријатно, но општествено одговорно допирање со лактите?rnrnШто ќе биде со прегратките по завршувањето на пандемијата?rnrnСпоред едно истражувањето во кое се опфатени 2.000 Американци, прегрнувањето почнува да биде една од главните грижи на луѓето, при што 51% од учесниците признаваат дека помислата да прегрнат некого им предизвикува вознемиреност.rnrnВо текот на изминатите неколку месеци, правилата за социјална дистанца се врежаа во нашите умови. Да стоите на растојание од 2 метри стана нормална појава, а гушкањето може да почне да се смета како нарушување на личниот простор. Бидејќи здравствените експерти сè уште откриваат кои се најдобрите препораки, веројатно ќе треба да помине некое време пред да почнете да се гушкате, дури и ако станува збор за нови, невообичаени прегратки.rnrnСпоред Кат Томас, сексуален експерт, основната човечка потреба за допир ќе постои секогаш. Таа предвидува дека прегратките ќе се вратат повторно, особено откако ќе се најде вакцина за коронавирусот, бидејќи физичкиот допир е од витално значење за целокупната благосостојба.rn

„Гушкањето, прегратките и допирот играат важна улога и ни помагаат да бидеме здрави човечки суштества“, вели таа. „Од научна гледна точка, гушкањето го зголемува нивото на окситоцин.“

rnДали некогаш се прашувате зошто се чувствувате толку добро кога сте во близина со друга личност, па дури и мачка или куче? Интеракцијата го подобрува расположението, ја ублажува вознемиреноста и го зајакнува имунолошкиот систем. Во ред е да останете без прегратки неколку месеци бидејќи е потребно да одржувате растојание за време на пандемијата за да го спречите ширењето на вирусот. Но, неколку месеци е навистина долг период за оние на коишто им се потребни прегратки за да се чувствуваат добро.rnrnЗа среќа, за сите што ја чувствуваат таа празнина, постојат многу други начини да останат поврзани. Можете да разговарате преку телефон или да направите видеоповик затоа што овие активности ќе ви помогнат да се чувствувате „видено“.rnrnТие не се совршена замена, но може да предизвикаат чувство на топлина и да ви помогнат да се чувствувате помалку осамено додека не дојде денот кога ќе може повторно да уживате во прегратките. Дотогаш, се надеваме дека оваа пандемија ќе нè научи колку е важен допирот.rnrnМожеби ве интересира дали ќе се зголеми бројот на случаи на семејно насилство за време на пандемијата на коронавирусот.