Во големата галерија во Музејот на уметност во Толедо, Охајо, обично можат да се најдат класични уметнички дела, стотици години стари. Но, сега таа добила нов современ изглед благодарение на ова прекрасно виножито направено од човечка рака кое го краси центарот на галеријата.rnrn
rnrnУметникот заслужен за ова неверојатно дело е Габриел Дав кој е роден во Мексико и има специјализирано во ликовната уметност позната како мешани медиуми.rnrn
rnrnИмено, тој прави инсталации изработени од обоени конци кои личат на светлосни зраци што се одбиваат од ѕидовите на затворените простории.rnrn
rnrnОва неверојатно виножито е неговата најнова инсталација, наречена „Plexus no. 35“.rnrn
rnrnТаа ќе биде дел од големата галерија во Музејот на уметност во Толедо до 22-ри јануари, 2017 година.rnrn
rnrnМора да признаеме дека се работи за навистина креативна идеја која сигурно бара извонреден талент и посветеност за да се реализира. Зар не би сакале и вие вакво виножито во вашиот дом?rnrn
Погледнете го ова неверојатно виножито направено од илјадници разнобојни конци
