Веќе е 2019 година, а жените сè уште се срамат да зборуваат отворено за некои работи. Секоја причина за срам поврзана со нивниот менструален циклус мора да прекине. Менструацијата е сосема нормална работа и еднаш месечното крвавење не може да биде спречено туку само одложено доколку земате контрацептивни таблети. Таа е знак дека вашето тело е здраво и дека сè функционира нормално. Никогаш не се срамете…rnrn
rn
Да зборувате за вашиот циклус пред момците
rnДа бидеме искрени, многу е полесно да се зборува отворено пред пријателките отколку пред некој ваш пријател. Нема ништо срамно доколку кажете дека имате циклус, а реакцијата на момците треба да биде сосема нормална доколку тие барем малку се потрудат да ги разберат девојките.rn
Поради фактот дека користите влошки
rnПоради некои чудни причини постои некоја стигма околу користењето влошки наместо тампони. Некои жени знаат да кажат дека користењето влошки е „за мали девојчиња“. Секако дека ова не е точно. Влошките се за жени од секоја возраст, а посебно за оние кои не се чувствуваат удобно кога користат тампони. Се работи за потполно слободно право на избор што ќе се носи за време на циклус, а тоа не е нешто што другите треба да ги интересира.rn
Да ги криете вашите влошки
rnНавистина нема никаква потреба да ги криете ниту да се чувствувате засрамено кога ги купувате во маркетот или во најблиската продавница. Немојте да ги криете помеѓу рацете барајќи начини да не се гледаат. Менструацијата е нешто што не може да се контролира, ниту спречи, па затоа не вреди да се чувствувате засрамено поради нешто врз кое немате влијание.rn
Да се обидувате да бидете тивки кога употребувате влошка
rnПризнаваме дека отворањето и нејзиното поставување на долната облека може да биде гласно. Уште погласно е кога се наоѓате во јавен тоалет заедно со некоја друга жена. Не мора да бидете премногу внимателни додека се одвиткува и да трошите плус една минута правејќи го сето тоа премногу бавно и тивко. Не треба да се извинувате никому за „шушкањето“ што го правите затоа што нема ништо срамно во тоа.rn
Поради болката што ја чувствувате
rnВие не ја преувеличувате вашата болка. Некои жени имаат грчеви што болат толку силно што доведуваат до повраќање, па дури и до несвестица. Не се чувствувајте слаби поради неподносливоста на болката што ја имате еднаш месечно. Слободно лежете на креветот во чудни позиции додека се обидувате да се ослободите од стегањето во нозете и болката во грбот. Нема ништо чудно во тоа и кога градите се претерано сензитивни, а вие сакате тоа што побрзо да престане.rn
Вашите промени во расположението
rnПромената во расположението изразена преку плачење на нешто апсурдно или нервирање за нешто безначајно не треба да биде причина за чувствување срам. Тоа не е знак дека сте слаби или претерано чувствителни туку дека вашите хормони малку поинаку работат во тој период.rn
Дамката на креветот или на вашите панталони/долна облека
rnМенструацијата може да дојде во средината на ноќта и кога ќе се разбудите да видите дамка на вашите чаршави, пижами и долна облека. Ова е навистина непријатно. И не може да се спореди со мокрење во кревет, па не се будите затоа што сте се почувствувале влажни. Месечниот циклус доаѓа тивко и вие нема да забележите одма дека се случува и поради тоа не треба да ви биде воопшто срам. Тоа е само крв која некогаш знае да излезе малку подалеку од онаму каде што ѝ е местото.rn
Изјавата „имам добиено“
rnКако и да изјавите дека ви дошол месечниот циклус нема да згрешите и немојте да се чувствувате чудно. Нема потреба да користите медицински термини, туку кажете го тоа како што најмногу ви одговара. Секако нема потреба да се оправдувате некому поради тоа што крвавите.rnrnПрочитајте ги и овие 25 помалку познати факти за менструацијата.