Честопати не размислуваме за рамнотежата на нашето тело, но за таа да се постигне неопходно е хармонично да работат различните органи и рецептори. Сепак и ние самите можеме да влијаеме на нејзиното подобрување и со тоа значително да го унапредиме квалитетот на нашите животи.rnrn
rnrnНајважниот орган за рамнотежа е увото, односно трите полукружни канали кои детектираат кружно движење, и двете комори (утрикул и сакул) кои реагираат на праволиниско движење.rnrnОдржувањето на телесната рамнотежа ви го овозможува и сетилото за вид, бидејќи тоа ја одредува положбата на телото во просторот и промените на неговата позиција, рецепторите за допир кои ја забележуваат позицијата на телото во однос на подлогата и мускулестите и зглобните рецептори кои реагираат на движења на одредени делови од телото. Во текот на цело ова време, централниот нервен систем ги координира физичките активности кои одржуваат рамнотежа.rnrnКај луѓето со првично добра рамнотежа, кортексот на мозокот се активира веднаш штом ќе наидат на пречка што може да предизвика пад, а телото веднаш регистрира на тоа дека повеќе не е во исправена положба.rnrnНевроните кои ја следат навигацијата, ориентацијата и планирањето на движењата, исто така, веднаш се активираат, испраќајќи порака до мускулите да реагираат и да преземат нешто за да не дојде до пад. За таква реакција, вашето тело има помеѓу 250 и 400 милисекунди.rnrnЗа оние со добра рамнотежа, ова е доволно време да реагираат и да спречат какви било повреди, но за оние кои немаат добра рамнотежа, падот може да заврши со фрактури, па дури и со фатален исход.rnrnИако помеѓу 50 и 75% од вашата способност да одржувате рамнотежа зависи од генетиката, преостанатите проценти можете да се регулирате, без оглед на возраста. Ова може да се направи на бројни начини што нема да ни одземат многу време и може значително да го подобрат вашиот квалитет на живот. Експертите препорачуваат одредени начини на кои може да ја подобрите вашата рамнотежа.rnrnНа пример, може да ги правите овие работи:rn
Додека се возите со јавен превоз
rnКога немате друг избор освен да влезете во воз или автобус, искористете ја таа прилика за да подобрите вашиот баланс. Застанете со малку подраширени нозе како да сурфате без да се држите за седиштата или држачите. Ова ги активира мускулите на нозете и задникот и помага во спречување на падот. Се разбира, ако имате здравствени проблеми, заобиколете ја оваа вежба во преполно возило.rn
Додека уживате во оброк
rnДури и кога уживате во некој оброк, може да работите на унапредување на телесната рамнотежа, а бидејќи ова е нешто што задолжително го имате во текот на денот, не трошите ниту секунда од нашето време. Препорачливо е да седите што поблизу до масата додека јадете. Ова ќе ве натера да седите целосно исправени и да ги активирате стомачните мускули, кои за возврат стануваат посилни.rn
Додека гледате телевизија или работите на компјутер
rnНаместо да седите во омилената фотелја или стол додека ја гледате целата сезона од вашата омилена серија, обидете се да седите на топка за пилатес барем половина час. Следниот пат, зголемете ги овие 30 на 35 минути, додавајќи неколку минути секој нареден пат.rn
Кога нешто ќе ви падне
rnКога ќе ви падне помал предмет за кој треба да се свиткате за да го земете, не клекнувајте и не го свиткувајте целиот ‘рбет. Наместо тоа, обидете се да го подигнете предметот стоејќи цврсто на едната нога додека другата ја кревате барем малку во воздухот, слично како да сте на час по балет.rn
Додека ги четкате забите
rnСе препорачува забите да се четкаат барем двапати на ден по три минути, со ќе имаме вкупно 6 минути за да вежбаме рамнотежа. Оваа активност е идеална за унапредување на нашата рамнотежа, а тоа можете да го постигнете со тоа што наизменично ќе стоите на едната нога, па на другата по три минути.rnrnМожеби сакате да дознаете и зошто лошото држење на телото е штетно за здравјето и како да го поправите?