Времето минува многу брзо, а кога сте во врска или во брак многу е важно да имате што е можно повеќе моменти поминати со партнерот во нежност и почитување. Ако барате начин како да остварите подобра комуникација со партнерот или како да ја одржите страста во вашиот однос, обидете се барем нешто од оваа листа на волшебни љубовни предлози да спроведете на дело.rnrn
rn
1. Одете на патување, само вие двајца
rnНе мора да заминете на ексклузивна дестинација, бидејќи престојот на планина или село без останатите членови од семејството ќе направат повторно да се создадат искри помеѓу вас. Заборавете на сите обврски и уживајте во моментите кои ги споделувате со саканата личност.rn
2. Дозволете му на партнерот да одмори
rnИстражувањата покажуваат дека паровите кои во текот на годината минуваат барем недела дена одвоено, подобро функционираат кога се заедно. Дозволете му на партнерот да се одмори, но и да ве посака.rn
3. Изненадете го за роденденот и за годишнината
rnПоклонете му го на овој специјален ден целото ваше внимание и опсипете го со љубов. Подарокот не мора да биде скап, туку можете да организирате пикник или самите да направите честитка. На тој начин ќе му/ѝ дадете до знаење колку навистина ви значи.rnrn
rn
4. Почестете се со елегантно излегување во ресторан
rnКога последен пат двајцата максимално сте се дотерале и сте отишле во ресторан? Ова е начин да ја разгорите страста помеѓу вас и да се присетите на минатите денови.rn
5. Преземете ги неговите/нејзините обврски на еден ден
rnПодарете му на вашиот партнер слободен ден. Сите обврски околу домот и децата, на само еден ден преземете ги врз себе. На размислувајте за тоа дали и тој/таа ќе ви возврати со иста мера. Уживајте во фактот дека ги правите среќни.rn
6. Посетете го местото на кое сте се запознале
rnСекоја година вратете се на местото на кое сте ја запознале вашата сродна душа. Покажете им колку тој ден бил значаен за вас и колку вашиот живот се подобрил откако чекорите заедно низ животот.rnrn
rn
7. Напишете љубовно писмо
rnНекои работи е полесно да се напишат отколку да се кажат. Ваквиот потфат ќе ја воодушеви вашата сакана личност, а и вам ќе ви донесе чувство на среќа.rn
8. Подгответе нешто специјално за него/неа
rnДоколку креативноста не ви е силна страна, барем можете да испечете колачи со кои ќе ја израдувате вашата сродна душа.rn
9. Научете нешто ново за партнерот
rnОсудете се да прашате и да барате одговори. Дознајте повеќе детали во врска со личноста со која го делите животот.rn
10. Медитирајте заедно
rnИстражувањата откриле дека медитацијата, молитвите и љубовта имаат слични нервни патишта во мозокот. Овие центри го зголемуваат лачењето на допамин, кој има пријатен ефект врз нашето тело.rnrnДодека времето надвор е студено, погледнете кои интересни работи можете да ги правите со партнерот во кревет.