Кога ќе погледнете два одблизу направени портрети од истата личност, фотографирани од Дилан Хам, најверојатно нема да забележите голема разлика. И двата портрети изгледаат многу слично, ако не и исто. Но ако почнете да ги анализирате карактеристиките, малите промени во изразите или очите, предизвикани од околностите на фотографирањето, ќе сфатите дека има нешто поразлично. На една од двете фотографии, моделите се сосема голи.rnrn
rnrnПозирањето пред камера без облека може да биде огромен чекор надвор од удобната зона за повеќето луѓе, во зависност од нивната самодоверба. Дилан добил навистина креативна идеја, па решил да фотографира неколку странци со цел да покаже дека нашите лица кажуваат многу повеќе од зборовите.rnrnФотографот не нагласил на која страна се наоѓа фотографијата без облека, па останува на гледачот да погоди.rn
„Одлучив да ги измешам лицата за да им биде потешко на гледачите да одлучат и да мораат да погледнат поблиску за да донесат заклучок. Исто така одлучив да не кажам кој е кој, надевајќи се дека ќе поттикнам дискусија помеѓу гледачите“, изјавил Дилан.
rn
rnrnИдејата потекнала од прашање кое Дилан си го поставувал со години: Колку невербални изрази покажуваме на лицето без да бидеме свесни за нив? Дилан си поставил мисија да докаже дека нашите лица откриваат повеќе отколку што мислиме.rnrnФотографот од Ванкувер собрал неколку волонтери и им кажал дека нема да фотографира или објавува никаква голотија. Потоа направил пред и потоа портрети од волонтерите за да ја прикаже разликата во нивните изрази кога се со облека и кога се голи.rn
„Одбрав луѓето да бидат голи бидејќи барав искрена ранливост од моделите. Им реков да ги отстранат облеката и накитот и ги замолив да не се шминкаат. Исто така им реков да стојат на кутија, за на некој начин да им дадам платформа, и физичка и ментална.“
rn
rnrnРезултатот на експериментот бил од многу суптилни, до вистински контраст помеѓу реакциите. Од мала насмевка и едвај забележлив сјај во очите, до црвенеење и смеење, секоја личност имала уникатни емоции на нејзиното лице.rnrn
rnrnИако потекнува од одредено прашање, проектот не открил одговор. Во спротивно, поттикнал уште прашања кои чекаат да бидат истражени со проект. Дилан планира да го прошири проектот надвор од неговиот круг на пријатели и познаници, можеби дури и надвор од државата. Тој сака да ги зближи луѓето така што ќе им помогне да сфатат дека сите сме на истиот спектар на ранливост. Па што мислите, на кои фотографии моделите не носат облека?rnrn
rnrn
rnrnПродолжува на следната страница…rnrn
