Без оглед на вашите верски верувања, повремениот пост може да биде навистина добар за вас, како за вашето физичко здравје, така и за психолошкото. Имено, постот ви овозможува подлабоко да се поврзете со самите себе, односно да го исчистите телото од сите насобрани токсини (вклучувајќи ги и оние во мислите). Па, ако ве заинтересиравме, во продолжение прочитајте ги најдобрите 7 причини зошто уште денес треба да почнете да постите.
rn
1. Помага при губењето килограми
rnИмате проблеми со одржување на тежината? Голем број истражувања покажале дека постот е поздрав и поефикасен во борбата со килограмите во споредба со некои од најпознатите диети.rn
2. Го забрзува метаболизмот
rnКога постиме, нашиот дигестивен систем се одмара, а тоа може да го поттикне метаболизмот и да влијае позитивно на согорувањето калории. Повремениот пост позитивно влијае и на цревата.rn
3. Го продолжува животот
rnВерувале или не, со помалку храна вие подолго ќе живеете. Истражувањата покажале дека животниот век на луѓето е продолжен токму поради начинот на исхрана. Еден од примарните несакани последици од стареењето е бавниот метаболизам, па што подолго ја одржувате младоликоста преку исхраната, толку подолго ќе живеете.rn
4. Ги подобрува навиките за исхрана
rnПостот може да биде многу ефикасен метод за сите оние што имаат проблеми со организирање на навиките за здрава исхрана или патат од нарушување на исхраната.rn
5. Позитивно влијае на работата на мозокот
rnИстражувањата покажуваат дека постот ги подобрува функциите на мозокот бидејќи го поттикнува производството на одредени протеини што ги активираат матичните клетки во мозокот, кои потоа се претвораат во нови неврони. Тие неврони исто така штитат од различни болести како Алцхајмеровата и Паркинсовата.rn
6. Помага со кожните проблеми
rnПостот може да помогне и при прочистување на кожата. Со оглед на тоа што го чисти целото тело од токсини и ја поттикнува правилната работа на органите, кожата е таа што прва ќе почувствува промена.rn
7. Го подобрува имунитетот
rnПовремениот пост го подобрува имунитетот бидејќи го намалува делувањето на слободните радикали, ги регулира воспалителните процеси во телото и спречува формирање на рак.
Прочитајте подетално и што му прави 3-дневниот пост на човечкото тело.


