Автор: Зорица ТодороваrnrnСекој кој порасна во деведесеттите сигурно се сеќава на Бекстрит Бојс, убедливо најпопуларниот бој бенд кој ја одбележа деценијата. Без разлика на тоа дали сте биле луди по нив или не сте можеле да ги поднесете, нивните песни беа неизбежни на телевизија и радио и сите беа опседнати со нив на еден или друг начин.rnrn
rnrnОткако во април 2013-та ја прославија 20-годишнината од своето постоење, момците тргнаа на двегодишна турнеја низ светот наречена „In a World like This“, истовремено промовирајќи го својот истоимен осми студиски албум. Денес младите момчиња кои расплакуваа милиони девојки низ светот се веќе возрасни фамилијарни луѓе кои сѐ уште ја негуваат својата љубов кон музиката, а еве каде се наоѓа секој од нив.rn
Брајан Литрел
rnБрајан денес живее во Атланта, Џорџија и веќе 14 години е во брак со Лејан Волас, модел и актерка која ја запознал на снимањето на спотот за песната „As Long As You Love Mе“ во 1997 година. Заедно имаат син, Бејли, роден во 2002 година.rnrn



rn
Еј Џеј Меклин
rnНајпроблематичниот „Бекстрит бој“ долго време се бореше со својата завист од алкохол и дрога од која конечно се излечи во 2011 година. За тоа ја смета најзаслужна својата сопруга Рошел која му била најголема поддршка. Тие направија свадба во готски стил, а во 2012-та им се роди ќеркичката Ава.rnrn





rn
Кевин Ричардсон
rnКако најстар, Кевин отсекогаш беше најзрелиот од момците. Тој и неговата сопруга Кристин се заедно од 2000 год. и денес живеат во Кентаки со своите двајца синови, Мејсон и Максвел.rnrn
rn
Хауи Дороу
rnХауи во 2007 година се ожени со својата долгогодишна девојка Леја и денес имаат двајца синови, Џејмс и Холден. По смртта на својата сестра во 1998 која почина од лупус, тој ја основа Фондацијата Дороу која до денес има за цел подигање на свеста за оваа болест и финансиска помош за оние кои не можат да си дозволат лекување.rnrn
rn
Ник Картер
rnКако најмлад член, Ник Картер и најдоцна се ожени. Неговата сопруга Лорен Кит е фитнес тренер и заедно живеат во Калифорнија. Слично како Еј Џеј и Ник се бореше со својата зависност од дрога и алкохол од која се отрезни дури откако му беше дијагонстицирана болест на срцето. Тој денес е амбасадор за заштита на околината на Обединетите Нации.rnrn

rnrnУбава вест за нивните обожаватели: Денес е премиерата на нивниот документарен филм, „Backstreet Boys: Show ‘Em What You’re Made Of “ кој ја следи нивната кариера од самите почетоци до последниот албум од 2013-та.rnrnrnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
