Уметниците умеат да пронајдат убавина и на најчудните места. Така и фотографот Марк Мосен тврди дека убавината ја пронашол додека си исипувал млеко во неговото кафе и оттаму произлегла инспирацијата за овие фантастични фотографии од мастила капнати во вода.rnrn
rnrnКреативниот четириесет и двегодишен уметник прави фотографии уште од својата дваесет и двегодишна возраст, но неодамна ја смислил оваа интересна техника, која го привлекува човечкото око. Марк, чија специјалност е фотографирање сцени и луѓе под вода, за серијава т.н. „Aqueous Fluoreau“ едноставно зема неколку мастила во различна боја и капнува од нив во сад со вода, кој го осветлува со трепкаво светло и потоа го фотографира набрзина добиениот уметнички резултат. Разликата во густината на течностите, создава неверојатно интересни форми.rnrn
rnrnКога ја прави фотографијата, Мар мора да биде многу брз, бидејќи колоритните облици се менуваат за дел од секунда.rnrn
„Тоа е напорен процес, кој констатирам дека се исплател кога ќе ги погледнам сликите.“
rnrn
rn
„Најголемо задоволство ми причинува кога гледам како други луѓе уживаат во мојата работа. На повеќето им се допаѓа и кај различни луѓе, предизвикува различни чувства. Секој човек гледа различни работи во моите фотографии, на ист начин како што гледаме лица или разни сцени ако се загледаме подолго во облаците на небото.“
rnrn
rnrnМарк фотографира од кога имал само 8 години, а со оваа техника за прв пат експериментирал пред шест години.rnrn
„Ги обожавам резултатите. Ме тераат да се насмевнам.“
rn




rn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
