Во што ужива секој хороскопски знак после секс?

Сподели

Во ѕвездите се запишани многу работи, вклучувајќи ги и сексуалните желби. Веројатно веќе знаете во што ужива секој знак за време на сексот, но дали сте се запрашале што сакаат да прават хороскопските знаци после водењето љубов? Некои сакаат да разговараат, некои да се бакнуваат, а некои пак само сакаат да спијат. Погледнете што најчесто прави секој хороскопски знак после секс.

Реклама

rn

Овен

rnКога Овенот е сингл и има секс за една вечер, може да се случи да не може да се сети на името на партнерот. Најчесто после секс, Овенот мисли на неговиот следен проект. Па, долготрајното галење и гушкање после сексот дефинитивно не е за овие луѓе.rn

Бик

rnПосле сексот на секој Бик му е потребен неговиот сон за убавина. Луѓето со овој хороскопски знак навистина сакаат да спијат после секој секс.rn

Близнаци

rnСлично како Овните, така и Близнаците ги насочуваат мислите на нешто сосема друго после сексот. Перење облека, праќање пораки, новата епизода од омилената серија… Тие размислуваат за сè, освен за самиот секс.rn

Рак

rnНа Раковите им е потребно малку време во кревет после секс. Тие сакаат бакнување и прегратки и не можат да се заситат од близина после сексот.rn

Лав

rnЛавот сака да биде во центарот на вниманието, па дури и во кревет. Поради ова, после секое водење љубов, Лавот сака да размисли за неговата „изведба“. Бидејќи Лавовите се секогаш горди на себе, не им е потребна никаква потврда од партнерот.rn

Девица

rnКога станува збор за сексот, Девиците имаат големи очекувања. За време на самиот чин, тие помнат сè со цел да можат да му кажат на партнерот што сакаат, односно да се подобрат и самите.rn

Вага

rnВагите уживаат во комплиментите и навистина сакаат да слушаат колку биле добри во кревет. Спротивно од Лавовите, на овие луѓе им е потребна потврда за тоа дали се добри љубовници.rn

Скорпија

rnСкорпиите не се многу сигурни во себе за време на сексот, па веднаш после тоа се преплавени со прашања. Често се сомневаат во себе и се прашуваат дали биле добри и дали му се допаднале на партнерот.rn

Стрелец

rnСтрелците, исто како и Скорпиите, немаат многу голема самодоверба кога станува збор за секс. Но после секое водење љубов сакаат да се напијат чаша вино, да запалат цигара и слично. Пред да почнат да го прашуваат партнерот дали му се допаднал сексот, најчесто заспиваат.rn

Јарец

rnНа Јарците им се потребни чистота и структура. Па, најмногу сакаат да се истушираат после секс. После овој мал ритуал се чувствуваат како да се преродени.rn

Водолија

rnПосле сексот, Водолиите сакаат да останат уште малку во креветот и да разговараат за разни теми. Ова им е навистина важно бидејќи така се поврзуваат со партнерот.rn

Риби

rnРибите се навистина емотивни, па неретко им се случува да заплачат после секс. Доколку не се случи ова, сигурно се на раб на плачење. Важно е да знаете дека причината е тоа што искуството им било преубаво и природно.

Дознајте и што најмногу сакаат хороскопските знаци во сексот.

Популарно

Може ќе ве интересира