КАФЕ ПАУЗА

Вашето омилено овошје ги открива вашата личност и вашиот карактер

Сите ние уживаме во консумирањето на нашето омилено овошје, бидејќи тоа е здраво, природно и е одлична замена за слатките, со оглед на тоа што некои плодови се многу богати со природен шеќер.rnrnИзборот на омиленото овошје многу зборува за вашиот карактер, а оваа теорија е стара повеќе од 2.000 години и за прв пат се појавила во стара Јапонија. Начинот на кој ги третираме луѓето, облеката што ја избираме, начинот на кој се однесуваме и разговараме со луѓето, семејството и пријателите, па дури и какви сме кога сме налутени и спремни за кавга – сето тоа можеме да го дознаеме од нашето омилено овошје.rnrnНаучниците тврдат дека омиленото овошје е сигурен показател за типот на личноста и дека поради него често сонуваме. Овошјето има одредена симболика, припишувани му се магични својства, а одговорот на прашањето каква личност сте ќе ви го даде токму вашето омилено овошје.rnrn1-vasheto-omileno-ovoshje-ja-otkriva-vashata-lichnost-i-karakter-www.kafepauza.mk_rn

1. Јаболко

rnЈаболката ги обожаваат веселите и ведри личности кои не сакаат ризици и секогаш играат на сигурно. Овие личности се фер играчи, никогаш нема да подметнат некоја измама и ќе ги избегнат кавгите, конфликтите и озборувањата. Тие се премногу срдечни индивидуи, секогаш спремни да излезат во пресрет и да помогнат на секого. На нив можете да се потпрете во секој момент. Луѓето често ги гледаат како лековерни и наивни, па затоа многупати се жртви на измамување. Во љубовта имаат реални очекувања, не живеат во облаци и никогаш нема поради љубов да си ја „загубат“ главата.rnrn2-vasheto-omileno-ovoshje-ja-otkriva-vashata-lichnost-i-karakter-www.kafepauza.mk_rn

2. Портокал

rnПортокалот е омилено овошје на силните личности, но овие индивидуи се често недостапни, затворени и тешки за придобивање. Потребно е многу време и труд за тие да се отворат, да ви ја укажат нивната доверба и да ве прифатат за пријател. Исто така се склони кон ненадејни промени на расположението, лесно и брзо се лутат и често изговараат грди зборови за кои подоцна се каат. Љубителите на портокалот имаат исклучителен сексуален набој, но не се склони кон долги врски.rnrn3-vasheto-omileno-ovoshje-ja-otkriva-vashata-lichnost-i-karakter-www.kafepauza.mk_rn

3. Јагода

rnЗабавните, срдечни и гостопримливи луѓе обожаваат јагоди. Тие се радуваат на ситници и сакаат да си угодуваат на себе, но и на своите најблиски. Овие луѓе ги боли неправдата, многу се праведни и ќе застанат во нечија одбрана без разлика на последиците. Иако се со отворен дух, кога ќе ги повредите или навредите тешко простуваат. Во љубовта се отворени, не поднесуваат лаги и изневерувања.rnrn4-vasheto-omileno-ovoshje-ja-otkriva-vashata-lichnost-i-karakter-www.kafepauza.mk_rn

4. Банана

rnБананата упатува на благи и меки личности, иако тие карактеристики не би им се доделиле на прв поглед. Луѓето кои сакаат банани се сентиментални, осетливи на критика и емотивни. Нив ги карактеризира и непостојаноста и ненадејните промени на одлуките во последен момент. Често се каат поради своите постапки и многу им е грижа за впечатокот кој го оставаат на околината. Во љубовта се потполно посветени, сите нивни врски се фатални, но често се многу посесивни.rnrn5-vasheto-omileno-ovoshje-ja-otkriva-vashata-lichnost-i-karakter-www.kafepauza.mk_rn

5. Грозје

rnГрозјето го обожаваат дружељубиви личности кои се вистински тимски играчи. Тие исто така се одлични организатори, родени лидери и во нив соработниците секогаш може да имаат доверба. Добри се во чувањето тајни, многу се амбициозни, но и културни личности. Тие се фини, суптилни и грижливи луѓе. Честопати може да претераат со својата строгост и критика, но не се злонамерни, бидејќи тоа го прават за да им помогнат на останатите и да ги поттикнат да бидат подобри. Тие љубат до крајни граници, склони се на партнерот да му простат сè, па дури и предавство и изневерување.rnrn6-vasheto-omileno-ovoshje-ja-otkriva-vashata-lichnost-i-karakter-www.kafepauza.mk_rn

6. Вишна

rnВишната открива разумна, несекојдневна личност со истанчен вкус и непредвидлив карактер. Вишната ја сакаат специфични луѓе кои никогаш не личат на останатите. Тие не сакат ништо што е обично. Сепак, склони се да ги одложуваат обврските, а во љубовта се недостижни.rnrn7-vasheto-omileno-ovoshje-ja-otkriva-vashata-lichnost-i-karakter-www.kafepauza.mk_rn

7. Кајсија

rnЉубителите на кајсијата се шармантни, заводливи и сакаат луксуз и скапи работи. Постојано се во брзање и многу ја ценат работата, трудот и залагањето. Тие се пријателски настроени, а уживаат во излегувања и журки. Тие се идеални партнери за долга врска.rnrn8-vasheto-omileno-ovoshje-ja-otkriva-vashata-lichnost-i-karakter-www.kafepauza.mk_