Кога мозокот престанува да размислува, обично во него се развива немир. Па, како тогаш да ги смириме непријатните мисли? Едноставно е. Мора да го окупирате мозокот, но со нешто лесно и убаво што ќе ги оддалечи лошите мисли и ќе ви донесе мир. Погледнете ги овие 5 едноставни активности кои ќе ви ги смират мислите.rnrn
rn
Движење
rnВелат дека најдоборото нешто кое го активира серотонинот (хормонот на среќата) е вежбањето и движењето. Ако имате мирен одмор, но сè уште не се чувствувате добро, одлучете се за спорт што добро ќе ве замори. Трчање, играње тенис – сè што може да го рефокусира вашиот мозок за некое време. Обидете се да се забавувате!rn
Пишување
rnМожеби водењето дневник ви изгледа како детска идеја, но пишувањето помага многу. Можете да побарате совет и од психолог кој исто така ќе ви даде насоки како да ги смирите мислите. Ако решите да водите дневник, можете да ги запишувате лошите мисли кое ќе ви помогне да разберете дека тие мисли воопшто не треба да ви предизвикуваат чувство на страв.rn
Масажа
rnКога сме вознемирени, соодветна и релаксирачка масажа би можела да биде многу корисна. Ќе ви помогне да ги релаксирате мускулите и нервите и ќе ве доведе во рамнотежа.rn
Готвење
rnПробајте некој нов рецепт, побарајте нешто поразлично, побарајте нови состојки и уживајте во готвењето. Самиот интерес за нешто ново ќе ги замолчи негативните мисли што минуваат низ вашата глава.rn
„Grounding“
rnУште една активност койа е многу позната меѓу оние кои практикуваат јога. Јогата не е само практика, туку и средба со себеси, како и средба со земјата, односно земјата на која ја изведуваме јогата. Самото лежење на подот или на било која површина може многу да ве смири. Исто така, не заборавајте да дишете длабоко и да ја воведете оваа навика во постојана пракса.rnrnМожеби ќе ве интересира и оваа медитација со одење која ќе ви помогне да се ослободите од стресот.