Рускиот фотограф на дивиот свет, Андреј Гудков, прави чести експедиции во најопасните африкански и индонезиски региони, како Замбија, Борнео и островот Ринка. Покрај тоа што е признат од National Geographic, тој, исто така, е член и на Кралското фотографско друштво и Меѓународната федерација за фотографска уметност. Уникатните и ретки снимки од животни направени од Андреј Гудков, можете да видите во публикацијата на Depositphotos.rnrn
rnrnУште од детството, Гудков бил страствен кон дивите животни и природата. Фотографот со години со својата камера истражувал диви предели, одејќи на долгорочни експедиции за развој на неговиот импресивен личен стил.rnrn
rnrnТој открил дека разбирањето на однесувањето на дивите животни, правењето внимателни подготовки за следните фотографии и преземањето храбар ризик се сите клучни состојки за доближување до дивиот свет.rnrn
rnrnАндреј вели дека во фотографијата на див свет, секогаш е присутен ризикот. Тој смета дека сепак, секој ризик треба да биде оправдан. Ниту еден успех, дури и најголемиот, не вреди колку човечкиот живот.rnrn
rnrnСредбата со комодо змејовите кои се бореле (со кои освои титула „Фотограф на животинскиот свет“ во 2015 година), дружењето со мали лавчиња и скокање во море со китови се само некои од многуте чуда кои ги направил за да го овековечи и ни го прикаже дивиот свет преку фотографија. Во неговото портфолио можете да најдете ретки снимки од дивиот свет.rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnМожеби сакате да ги погледнете и овие 16 фотографии што докажуваат дека животните можат да го направат невозможното.
Фотограф од Русија посетува опасни места за да ја покаже убавината на дивиот животински свет
