Далтонизмот се појавува кај 1 од 12 мажи, но помалку од 1 од 200 жени. Оваа состојба која е всушност само недостаток во начинот на којшто некој гледа бои, е релативно безопасна. Се разбира, може да биде навистина фрустрирачки да се живее со неа. Поради ова, една 28-годишна девојка од Канада развила специјализиран сет од контактни леќи што можат да го поправат далтонизмот.rnrn
rnrnГабриел Масон се надевала дека некогаш ќе ги направи леќите уште откако била мала. И самата била добро запознаена со проблемите со видот. Додека била на факултет, студирала хемија, а во 2017-та година ја лансирала компанијата Colorsmith Labs Inc.rnrnМисијата на Габриел била да развие леќи за коригирање и го направила тоа со помош на научниците од Универзитетот Сент Мери во Халифакс. Сега таа има готов прототип што наскоро ќе биде тестиран на луѓе.rnrnИзумителката се надева дека леќите ќе им помогнат на далтонистите да се ослободат од големите затемнети очила.rn
„Не секој сака да шета наоколу со затемнети очила. Сите го сакаме Боно, но никој не сака да изгледа како него секој ден.“
rnГабриел и нејзиниот тим на Универзитетот се во потрага по инвеститори кои ќе го финансираат производството на леќите.rnrnДознајте нешто повеќе за 4-те видови далтонизам.
