КАФЕ ПАУЗА

Дизајни на тостови инспирирани од традиционалната јапонска култура

Што правите кога седите дома и имате повеќе слободно време? Станувате малку подоцна или го користите времето за да си подготвите поинаков појадок за кој порано немавте време да го направите?rnrnЈапонската дизајнерка Манами Сасаки решила да го помине седењето дома на креативен начин. Користејќи парчиња леб како нејзино платно, таа создава неверојатни појадоци инспирирани од јапонската култура.rnrnНа нејзините тостови можете да видите работи од јапонската култура како што се зен-градините. За да ги направи, таа ставила павлака за основа, а со помош на виљушка го направила песокот. Чајот мача во прав претставува мов, додека оревите и макадамијата ги поставила да изгледаат како камења.rnrnСите состојки можат да се јадат, но комбинацијата од сос од домати, маргарин, лисја од нане и сенф е нешто што многумина не би сакале да го пробаат. Можеби повеќето тостови се само еден вид „уметничко создавање“, а не нешто за јадење. Како и да е, сигурно и вие ќе се согласите дека креациите се прекрасни.rnrnПовеќе креации можете да најдете на нејзиниот профил на Инстаграм.rnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnМожеби ќе ве интересира и како еден уметник прави колачиња што личат на (не) секојдневни предмети.