rn
5. Тивка спална соба
rn
rnrnТрендот во дизајнирањето на спалните соби кој уште долго време ќе остане на сцената е користењето благи бои. Па така, светлите тонови на сина или сива боја може да создадат смирувачка околина која е најважна точка кога се работи за спалните соби.rn
6. Винтиџ предмети
rn
rnrnЗа предметите кои постојат повеќе од 50 години, односно кои се толку долго време популарни, многу се мали шансите дека некогаш ќе излезат од мода. Па така, кожните фотелји или персиските килими се одличен избор доколку сакате да го комбинирате модерното со нешто класично.rn
7. Бела кујна
rn
rnrnСо ѕидови во неутрални бои, темни подови и бела кујна никогаш нема да можете да погрешите. Имајте ги на ум овие три точки додека го дизајнирате просторот по сопствен вкус и ги спојувате со својот стил.rn
8. Вградени полици
rn
rnrnПолиците кои се вградени во ѕидот и кои се полни со книги и лични предмети даваат префинет изглед на домашна библиотека. Исто така, тие заштедуваат голем простор.rn
9. Камин
rn
rnrnКаминот или печката освен тоа што имаат доста конкретна улога, со својот изглед може да придонесат и да го зајакнат рустикалниот стил во вашиот дом. Колку се потребни, толку е и убаво да ги имате, па зошто тогаш не би сте ги искористиле во целост?rnrnНа следната страница дознајте ги последните безвремени идеи кои ќе ви помогнат да го претворите вашиот дом во пријатно и удобно место за живеење…rn
