Безвремени идеи за уредување на домот

Сподели

rn

Реклама

10. Остава

rnКога е во прашање добрата организација на ентериерот, тогаш оставата никогаш не излегува од мода. Полиците, фиоките и кошниците се секогаш корисни, држат сѐ на своето место и најдобро го искористуваат дадениот простор.rn

11. Пруги

rnБез разлика дали станува збор за хоризонтални или вертикални, пругите со векови се класични детали кои красат многубројни ентериери. Ова е еден од графичките мотиви кои според својата едноставност секогаш ќе биде популарен.rn

12. Ѕид со фотографии или слики

rnНа еден ѕид можете да имате сопствена галерија. Изберете фотографии кои имаат лично значење за вас. Доколку сакате да постигнете еклектичен стил, тогаш одлучете се за различни модели и бои на рамки, а доколку повеќе преферирате традиционален стил, тогаш изберете рамки кои меѓусебно се согласуваат.rn

13. Мек теписон

rnПопуларноста на теписоните заедно со стиловите и нивните дизајни често се менуваат, но меките теписони на тврди подлоги секогаш се актуелни. Освен тоа што се меки, удобни за одење и пријатни за око, овој теписон одлично служи и за поставување на граница внатре во просторијата.rn

14. Темно сина боја

rnИако и трендовите на бои постојано се менуваат, секогаш можете да сметате на морско сината боја, односно темно сината боја. Затоа без двоумење купете кауч во таа боја или бојадисајте ја масата, а со доаѓањето на новите трендови само изменете ги деталите и додатоците како што се перниците.rn

15. Впечатлива влезна врата

rnДетаљот од вашата куќа кој секогаш ќе привлече внимание е сигурно влезна врата во боја. Изберете некоја храбра боја, како што е црвената и бојадисајте ја вашата врата во неа. На овој начин одлично ќе го зачините изгледот на вашата куќа.

Популарно

Може ќе ве интересира