Третиот Њутнов закон гласи: „За секоја акција постои еднаква и спротивна реакција“. Но, ова не се однесува само на физиката. Истото се случува и во нашиот секојдневен живот. Кога зборуваме или се однесуваме на некаков начин, како реакција предизвикуваме акција која ќе ни одговори на истиот начин. Ова се 12-те животни закони кои ќе ви помогнат да станете посреќни и посамоуверени…rnrn
rn
1. Закон на причини и последици
rnШто и да создадеме на овој универзум, ќе ни се врати со иста мера. Според тоа, доколку сакаме љубов, вистинско пријателство и среќа, прво треба да ги сакаме нашите блиски, да бидеме добри пријатели и да се стремиме кон тоа да ги направиме другите среќни.rn
2. Закон на создавање
rnКлучот за хармоничен внатрешен живот лежи во способноста да се биде независен од надворешниот свет. За да го постигнете ова, треба да бидете свои, но и да бидете во близина на луѓето и нештата што ви значат и што сакате да ги имате во животот.rn
3. Закон на потчинување
rnНе можеме да ја промениме ситуацијата додека не ја прифатиме. Доколку во сите луѓе гледаме непријател, тоа значи дека не сме насочени кон тоа да ја прифатиме повисоката форма на постоење.rn
4. Закон на развој
rnНашата главна животна задача е да се менуваме и развиваме како личности. Не треба да се фокусираме на мнозинството луѓе кои ќе ги сретнеме, но нема вистински да ги запознаеме или пак да се грижиме за местото во кое живееме и технологијата што ја користиме. Животот и времето што ни се дадени се сѐ што имаме.rn
5. Закон на одговорност
rnЖивотот е како огледало. Кога нештата тргнуваат наопаку, тоа значи дека нешто не е во ред со нас самите однатре. Токму затоа, треба да преземеме одговорност за тоа, наместо да ја бараме вината кај другите луѓе.rn
6. Закон на поврзаност
rnМожеби ни се чини дека тоа што го правиме не дава никакви резултати, но важно е да продолжиме да дејствуваме, бидејќи сѐ што се случува во овој свет е меѓусебно поврзано. Првиот чекор не е поважен од последниот и обратно, затоа што и двата се неопходни за да се заврши задачата.rnrn
rn
7. Закон на концентрација
rnНе можете да размислувате за две нешта истовремено. Доколку трагате по нешто значајно, во вашата глава нема да има место за лутина или алчност.rn
8. Закон на прифаќање
rnЛуѓето обично вистински го разбираат и прифаќаат само она што го практикуваат во реалноста. Доколку веруваме дека нешто е вистинито, но не сме подготвени да го докажеме, тоа значи дека ние располагаме само со мислење, а не со знаење.rn
9. Закон на „сега и тука“
rnКопањето по минатото и наметливите соништа за иднината ни го одвлекуваат вниманието од она што се случува во сегашноста. Старите начини на однесување, како и старите соништа, можат да ни го попречат патот кон нешто ново.rn
10. Закон на промена
rnИсторијата ќе се повторува додека нѐ успееме да ја научиме нејзината лекција, која може да го промени нашиот животен пат. Не можете да ги донесувате истите одлуки, а да очекувате различни резултати.rn
11. Закон на трпение и награда
rnЗа секоја награда потребно е да се вложи многу труд. Вистинската животна среќа лежи во тоа неуморно да работите знаејќи дека порано или подоцна ќе ги постигнете вашите цели.rn
12. Закон на значење и инспирација
rnГо добиваме само она што го заслужуваме. Вредноста на нештата е еднаква со енергијата и упорноста што ќе ги вложиме обидувајќи се да ги постигнеме. Само луѓето кои сакаат да даваат, можат да добијат нешто посебно и инспиративно.