КАФЕ ПАУЗА

Белиот храм – спој на будизам и надреална уметност

Белиот храм - спој на будизам и надреална уметност

Ват Ронг Кун (Бел Храм) се наоѓа во Тајланд и најверојатно е единствениот будистички храм во светот во кој можете да пронајдете слики од Супермен, Нео од Матрикс или по некој вселенски брод. Овој објект се наоѓа во близина на градот Чианг Раи и претставува дело на уметникот Chalermchai Kositpipat кој сам го финансирал со цел да може целосно да ја оствари својата уметничка замисла без никакви ограничувања.rnrnБелиот храм - спој на будизам и надреална уметностrnrnПреку ден храмот рефлектира неверојатна, магична светлина благодарение на белата надворешност и ситните парчиња стакло кои уметникот ги употребувал во изградбата. Посетителите велат дека навечер храмот добива сосема поинаква димензија и изгледа надреално, дури и по малку морничаво.rnrnПред влезот туристите ги пречекуваат бизарни статуи, глави од демони обесени на гранки и скелети кои во раце држат цигари и алкохол со цел да укажат на нивното штетно дејство.rnrnОколу храмот се наоѓа и прекрасно езерце кое го чуваат змејови и други митолошки суштества. Посетителите не можат да влезат во внатрешноста на објектот без да го поминат „Кругот на преродбата“ кој го сочинуваат пеколот и мост кој мора да се премине за да се стигне до портите на рајот. А токму пред портите на рајот стојат боговите кои ја контролираат човечката судбина и смртта.rnrnБелиот храм - спој на будизам и надреална уметностБелиот храм - спој на будизам и надреална уметностБелиот храм - спој на будизам и надреална уметностrnrnИ кога сè ова ќе помине, вистинските контрасти се наоѓаат токму во самиот храм каде уметникот на сосема уникатен начин ги има споено приказните и верувањата на будизмот со модерните ликови и симболи. Всушност, целиот храм е проткаен со симболика и скриени значења, кои на некој начин претставуваат лична исповест на Chalermchai Kositpipat за неговите религиозни верувања. Всушност белата боја на храмот е посветена на чистотата на Буда, а малите стакленца на неговата мудрост која свети силно над целиот свет.rnrnБелиот храм - спој на будизам и надреална уметностБелиот храм - спој на будизам и надреална уметностrnrnЦелосна спротивност е делот каде што се наоѓаат тоалетите и местото каде што туристите можат да одморат, којшто за разлика од белиот храм е обоен со златна боја. Проектот е сè уште во изградба и се претпоставува дека нема да биде готов сè до 2070 година.rnrnБелиот храм - спој на будизам и надреална уметност
rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.