Сè уште не се зборува многу на оваа тема, но благодарение на научниците тоа полека се менува. Жените долго се срамеа да поставуваат одредени прашања за своето тело, како и за сексуалноста, но како што минува времето, така сè повеќе информации има на оваа тема. Токму затоа и денес го споделуваме ова интересно истражување што било спроведено на медицинскиот факултет во Индијанаполис.rnrn
rnrnИстражувањето што било објавено во „Medical Express Report“ потврдило дека обликот на женската вагина е поврзан со достигнувањето оргазам. Научниците од одделот за анатомија откриле дека жените чии клиторис и мочен отвор се многу близу едно до друго, имаат поголеми шанси да доживеат оргазам за време на сексот. Спротивно од тоа, жените чиј клиторис е пооддалечен од мочниот отвор многу тешко постигнуваат оргазми. Тука треба да се каже дека и бројот на овие жени е значително помал.rnrnЕден научник од Институтот Кинси, што се занимава со истражувања за сексот, полот и репродукцијата, тврди дека идеалната оддалеченост е 2,5 сантиметри. Кога ова е случајот, жените можат да доживеат повеќе и поинтензивни оргазми во текот на односот. Од друга страна пак, оние жени чии клиторис и мочен отвор се на поголема раздалеченост, потешко доживуваат вагинален оргазам бидејќи пенисот не може оптимално да го стимулира тој дел. Ако пак оддалеченоста е помала од идеалната, научникот тврди дека жената треба да биде одозгора за да компензира и подобро да може да го стимулира клиторисот.rnrnМожеби ги имате искусено, а можеби не: 9-те оргазми кои ги доживува жената!
Како обликот и големината на вагината можат да влијаат на оргазмите?
