40 инспиративни говори во 2 минути
Метју Белинки успеал во две минути да спакува делови од 40 филмски реплики и да ги претвори во еден моќен говор, кој најпрво можете да го погледнете во видеото подолу, а потоа и да го прочитате…
Уживајте и инспирирајте се! 🙂
„Ќе се борите ли? Не! Ќе бегаме! Ќе живееме! Срамота. Ова може да биде најдобрата ноќ во нашите животи, но вие ќе дозволите да стане најлоша. И гарантирам нема да помине недела во вашите животи, а да не зажалите што сте заминале, дозволувајќи им да го земат најдоброто од вас. Јас нема да заминам дома. Дојдовме предалеку! Ќе останам овде и ќе се борам за изгубената кауза. Може да дојде денот кога храброста на луѓето ќе потфрли… но тоа не е овој ден. Линијата мора да биде повлечена тука. До овде, не подалеку!
Не велам дека ќе биде лесно. Ќе работите напорно, како што никогаш досега не сте работеле. Но, тоа е во ред, само држете се заедно. Кога човек ќе ги стисне забите и ќе покаже вистинска одлучност, неуспехот не е опција. Така се добива битката! Верувајте ми кога ви велам ние можеме да ја скршиме армијата, и да освоиме победа за Гипер. Но, ќе ви го кажам она што секој воин го знае уште од дамнина: морате да се налутите. Како лудо злобно куче. Ако сакате да бидете слободни луѓе, тогаш морате да се борите за да го исполните тоа ветување!
Дозволете постепено, по еден инч да им ја скратиме храброста, и ќе знаат што сè можеме да направиме! Никој да не заборави каква закана претставуваме. Ние сме лавови! Ти си како голема мечка, човеку! Ова е вашето време! Зграпчете го денот, никогаш не предавајте се, победа или смрт… тоа е начинот! Кој е со мене? Ракоплескајте! Ракоплескајте! Немојте да дозволите Тинк да умре! Ракоплескајте! Добро! Ајде сега да летаме! И господата во Англија ќе знаат моето име е Господ, кога им велам на непријателите дека можат да ни ги одземат животите, но никогаш нема да ни го одземат Денот на независноста!“
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.