Ментално силните жени секогаш ќе се прашуваат што научиле од ситуацијата низ која поминале. Наместо да ја толерираат болката, тие ја претвораат во можност за личен развој. И така, со секое отфрлање, тие стануваат посилни и подобри.rnrn
rnrnБез разлика дали сте отфрлени од некоја личност која ви се допаѓа, или сите освен вас се поканети на забава, или пак, не сте унапредени на работното место, отфрлањето боли.rnrnНо, дали некогаш сте забележале дека некои луѓе едноставно немаат сила да продолжат понатаму по ваквата ситуација, додека други отфрлањето ги прави похрабри?rnrnСите го имаат почувствувано горкото чувство на отфрлањето, но ментално силните жени го користат тоа за да станат уште посилни и подобри. Всушност, начинот на кој вие ќе изберете да реагирате по отфрлањето може да го одреди целосниот тек на вашата иднина.rnrnПсихички силните жени ги одбираат следниве пет начини за да го надминат отфрлањето:rn
1. Тие не ги негираат своите емоции
rnНаместо да ја потиснат, игнорираат или негираат болката, ментално силните жени ги признаваат своите емоции.rnrnТие ја прифаќаат непријатноста, кога се тажни, разочарани или обесхрабрени, затоа што имаат доверба во нивната способност да се справат со дадените емоции веднаш штом ќе го почувствуваат тоа, што е неопходно за справување со отфрлањето на здрав начин.rnrnНајдобар начин да се соочите и да се справите со негативните емоции е директно да им се спротивставите.rn
2. Тие сметаат дека отфрлањето ги тестира нивните граници на издржливост
rnМентално силните жени знаат дека отфрлањето е еден вид доказ дека тие го живеат животот во потполност.rnrnТие се свесни дека понекогаш ќе бидат одбиени, но не се плашат од тоа, дури и кога знаат дека тоа всушност ќе се случи.rn
3. Тие кон себе се однесуваат со доза на сочувство
rnМентално силните жени, по одбивањето, се однесуваат со доза на сочувство и не се премногу груби кон себе.rnrnТие разбираат дека тоа што им се случило е чекор назад, но исто така, се свесни дека ништо не е толку трагично за кон себе да си упатуваат лоши зборови.rn
4. Тие одбиваат да бидат дефинирани со отфрлање
rnПсихолошки силните жени не прават далекусежни генерализации. Ако, на пример, некоја компанија одбива да ги вработи, тие не сметаат дека не е крај на светот и дека поради тоа никој друг нема да ги вработи.rnrnДоколку се одбиени од личноста што ја сакаат, тие не мислат дека секој иден можен партнер ќе ги отфрли потоа. Тие едноставно не дозволуваат тоа да ги дефинира.rn
5. Учат од ваквото искуство
rnМентално силните жени секогаш ќе се прашуваат што научиле од ситуацијата низ која поминале.rnrnНаместо да ја толерираат болка, тие ја претвораат во можност за личен развој.rnrnИ така, со секое отфрлање, тие стануваат посилни и подобри.rnrnМожеби сакате да прочитате и кои реченици жените сакаат да ги слушнат повеќе од „те сакам“.