Дизајнерите ширум целиот свет ги поставија топ трендовите за оваа есен. Есенската монотонија ќе ја протресат впечатливи бои, интересни форми и смели мејкап изгледи. Ова се мејкап трендовите за оваа есен кои ги издвојуваме:rnrn
Бела сенка за очи
rnМожеби месеците кои доаѓаат се постудени, но тоа не значи дека треба да го ограничите вашиот изглед со темни бои. Обичното и секојдневното е здодевно, па затоа наместо тоа нанесете ја сенката само на внатрешните или само на надворешните агли од очните капаци. Маскарата можете или целосно да ја прескокнете или да нанесете само еден слој маскара или туш за очи.rnrn
Геометриски форми
rnСо изборот на вистинските бои, оваа есен можете лесно да ја користите шминката за очи како аксесоар. Строги линии, апстрактни форми и накосеност на каревите за да добиете „мачкин поглед“.rnrn
Смели веѓи
rnТенките веѓи веќе не се ин, дебелите веѓи на големо направија камбек во последниве години. Оваа сезона веќе се екстремни, слободно нагласете ги!rnrn
Образи румени како од студ
rnКако што и самите забележавте, оваа сезона преовладува природниот изглед, а обично вниманието се носи само на одреден дел од вашето лице. Во овој случај, нагласете ги образите. Одберете розово или црвено руменило и направете ги вашите образи румени како од студ.rnrn
Готик изглед
rnТемни бои, висок сјај, нагласување на усните. Оваа есен во тренд се темните усни, нијанси кои се движат од бордо, до речиси црно.rnrn
Блескави „зачадени“ очи
rnИзгледот „зачадени очи“ не излегува од мода – само му се дава една поинаква димензија. Ваквата шминка е секогаш одличен избор доколку сакате да ставите акцент на вашите очи. Класичните „зачадени очи“ заменете ги со живи, блескави бои, особено пурпурна и смарагдна боја. За да постигнете совршен изглед, одберете три монохроматски нијанси. Најсветлата сенка искористете ја за да го потенцирате делот под веѓите и долж внатрешните агли на очите, а најтемната за да ја дефинирате формата на окото. Потоа додадете живи бои во центарот на очните капаци за вашите очи да изгледаат поголеми.rnrn
Црвена сенка за очи
rnДолго време црвената боја се користи за нагласување на усните, но сфатете го ова како еден вид пресврт. Зошто да не ги нагласите вашите очи со црвена сенка?rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

