КАФЕ ПАУЗА

Нагласете ги вашите очи со неколку потези со маскарата

Ви претставуваме неколку совети за да истакнете вашите очи на вистинскиот начин со цел да добиете беспрекорен изглед и да оставите силен визуелен впечаток.rnrnnaglasete-gi-vashite-ochi-so-nekolku-potezi-so-maskarata-kafepauza.mkrn

Совет бр. 1

rnАко при нанесување на маскарата трепките ви се слепуваат една за друга, пробајте да ја нанесете во цик-цак потези, што дефинитивно би требало да го реши тој проблем.rn

Совет бр. 2

rnДоколку сакате да нанесете два слоја маскара, немојте да чекате првиот слој да се исуши затоа што на крај ќе добиете само слепени трепки.rn

Совет бр. 3

rnЗа создавање илузија на долги трепки подебел слој маскара нанесете на коренот на трепките отколку на врвовите.rn

Совет бр. 4

rnПрајмерот за трепки навистина може да направи многу. Овој производ ги јакне, негува и им дава волумен на трепките, тоа ѝ дава долга примена и долготрајност на маскарата.rn

Совет бр. 5

rnАко вашата маскара пребрзо се суши, причината би можела да биде начинот на кој ја користете четката. Многу жени ја подигаат четката па ја враќаат во тубата, што предизвикува натрупување на меурчиња и побрзо сушење на маскарата.