Сѐ што ни се случува е резултат на нашето однесување и нештата кои ги правиме и чувствуваме. Навистина, не може да се влијае на сѐ бидејќи некои работи не се во наши раце, но за сите оние кои се, ние сме тие кои одлучуваме како да се справиме со нив и колку тие ќе влијаат на нас. Ова важи и за врските кои ги градиме. Тие ќе бидат комплицирани колку што сме и ние што повлекува дека навистина ќе почнеме да уживаме во нив дури кога ќе решиме што навистина ни е важно. Понатаму сѐ ќе оди многу полесно. Еве неколку совети како да ги поедноставите работите:rnrn
rn
Не ја барајте и не ја очекувајте љубовта и поддршката од други кога вие сте тие кои можете да си ја дадете себеси
rnСамодоверба, самопочит и самољубов пред сѐ.rn
Прифатете ги своите маани така што ќе се соочите со нив
rnНиту една врска не може да функционира сѐ додека партнерите не станат свесни за своите доблести и недостатоци.rn
Престанете постојано да се споредувате со други луѓе
rnСите сме различни, па логично е сите различно да функционираме и тоа не значи дека нешто не е во ред со вас.rn
Оставете ги другите да бидат тоа што се
rnДобрата врска бара две работи, а тие се ценење на сличностите, но и почитување на разликите меѓу партнерите.rn
Бидете почувствителни
rnЛаднокрвноста не води никаде, а дури и кога не се чувствувате убаво обидете се да бидете фини со останатите.rn
Изразувајте љубов почесто
rnДелата зборуваат многу повеќе од зборовите, а некогаш ни е потребно токму тоа, да почувствуваме нечија љубов и разбирање.rn
Престанете да ги осудувате другите
rnЗошто мислите дека сте подобри од другите? Заборавете на момент на осудата која сте ја подготвиле и обидете се навистина да погледнете во некого.rnrn
rn
Почнете да верувате дека правите разлика
rnВие сте некој и нешто за луѓето на кои им значите, па и тоа што го правите, дури и кога не ви изгледа така, навистина влијае на нив.rn
Една изгубена битка не значи изгубена војна
rnАко нешто не ви излегло како што било предвидено и замислено, не дозволувајте да ви го расипе целиот ден. Многу работи не го заслужуваат тоа.rn
Почнете да го правите тоа што е исправно за вас
rnВие сте си сами себе на прво место. Потоа останатите. Бидејќи како поинаку можете да му помогнете на некој друг?rn
Не мора секогаш да сте во право
rnПрифатете дека не секогаш вашето решение е она вистинското и помирете се со тоа.rn
Запрашајте се дали тоа што го правите повредува некого
rnСѐ што правите е во ред сè додека тоа не повредува никого.rn
Надворешната убавина не е толку важна
rnФокусирајте се за промена на тоа каква личност сте и дали ако вие бевте на спротивната страна ќе сакавте да бидете со некој како вас?rn
Посветувајте поголемо внимание на малите нешта
rnТие се работите кои на крајот на денот нè радуваат така? Кога ќе почнете почесто да ги забележувате и применувате, сѐ некако ќе биде поубаво.rnrn
rn
Не ги присилувајте другите на нешта кои не им се допаѓаат, а ни вие не ги толерирајте оние кои ви го прават тоа на вас
rnПрисилувањето и убедувањето на сила само ја зголемуваат јамата меѓу луѓето.rn
Поддржувајте ги другите повеќе
rnНекогаш самата поддршка може да смени многу, а е неизмерно потребна секому. Дадете им до знаење на оние кои ви значат дека забележувате и дека сте тука за нив.rn
Престанете да земате сѐ при срце
rnОбидете се за промена да ги согледате работите од друг агол. Можеби тоа што ви е кажано или направено нема никаква врска со вас.rn
Искрените грешки заслужуваат преодна карта
rnНе мора за секоја можна и најмала грешка да се лутите. Уште ако е и ненамерно направена, тогаш вреди да се занемари.rn
Не драматизирајте толку
rnНе е можно сѐ да го заслужува истото внимание ниту, пак, вие мора сѐ да анализирате како да е крај на светот.rn
Простете си за болката која сте ја нанеле во минатото
rnЧувството на вина и жал навистина тежи дури и премногу, а ќе се ослободите од него само кога ќе си простите себеси.rn
Не очекувајте премногу
rnОчекувањата носат разочарувања, а тие не се никогаш добри. Ценете го тоа што го имате и работете на останатото со надеж, но немојте да очекувате ништо од никого.rnrn
rn
Бидете искрени за вашите чувства
rnКога навистина ќе можете да бидете искрени за тоа како вие се чувствувате, тогаш ќе можете да поставите основа за цврста врска.rn
Тргнете се од луѓе кои ве омаловажуваат
rnЗа жал, секогаш ќе постојат такви луѓе. Но изборот е ваш дали ќе им дозволите да ве омаловажуваат или ќе заборавите на нив и ќе почнете навистина да верувате во себе.rn
Дајте си го целото одобрување кое ви е потребно
rnЗа некои работи ни се потребни неверојатно многу сила, одлучност и секако, нечие одобрување. Вие ги поседувате сите овие работи.rn
Не кажувајте да ако мислите не
rnКажувајте го својот став јасно и гласно и изборете се за тоа што го сакате и можете.rn
Комуницирајте појасно
rnНикој не е видовит и не чита мисли, па мора да ги изразувате мислите и чувствата и да кажувате што ви лежи на душа. Чувањето во себе може да ги влоши работите.rn
Не сте секогаш вие центарот на случувањата
rnДозволете им и на другите да дојдат до збор и за промена ислушајте ги вие нив.rn
Започнете да живеете со 100 проценти интегритет
rnБидете искрени и верни на својот збор и кон другите. Направете ја исправната работа. Интегритетот е патот кон успехот и многу поедноставниот живот.rnrn
rnrnДобрите врски не паѓаат од небо. Тие се градат од темел и потребни се волја, трпение и разбирање и од двете страни.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.