Летна авантура или почеток на љубовна врска?

Летна авантура или почеток на љубовна врска?

Сигурно голем број од вас топлите денови ги поминувате држејќи се за рака на плажа со личност која сте ја запознале ова лето, додека пак за време на вечерите заедно играте на музика под залезите на сонцето и не запирате сè до раните утрински часови. Но, пристигнувањето на поладните температури понекогаш ве тераат барем на момент да се запрашате дали станува збор само за летна авантура или пак за нешто повеќе? Еве неколку знаци според кои можете брзо да процените дали вашата страсна летна романса има потенцијал да продолжи и понатаму…

Летна авантура или почеток на љубовна врска?

Само секс или нешто повеќе – Нема ништо лошо во тоа да си уживате во страсна летна авантура која нема да продолжи по 31 август. Но, доколку размислувате дека можеби тоа нема да биде крајот помеѓу вас, многу лесно можете да препознаете дали тој/таа мисли на вас само за време на моменталните страсти и хемија или станува збор за нешто повеќе… Размислете добро во кој дел од денот се среќавате? Дали тој/таа ве поканува кај него/неа само по полноќ или почнавте да се гледате и на дневна светлина?

Информации за историјата – Доколку успеете да му/ù оставите подлабок впечаток тој/таа дефинитивно ќе сподели со вас нешто повеќе за своето минато. Дали досега сте разговарале за вашите најблиски, за факултетот, работата или пак за местото каде што сте израснале?

Разговор за иднината – Штом сте се запознале на одмор, големи се шансите дека живеете на различни страни од светот. Дали правите „луди“ планови за вашите идни средби? Или пак, ако живеете во истиот град, дали некогаш сте разговарале да излезете заедно со вашите пријатели? Или сите ваши разговори се однесуваат само на сегашноста?

Доколку сте почнале да комуницирате и надвор од креветот, да имате дневни прошетки со долги разговори за минатото и иднината, тогаш со сигурност станува збор за нешто повеќе од само моментална летна авантура. Дали размислувате за него/неа во моментов и дали можете да се замислите заедно во иднината? Ако да, тогаш дефинитивно треба да преземете неколку чекори за да се осигурате дека вашата одлична летна романса ќе премине во нешто посериозно…

Летна авантура или почеток на љубовна врска?

Опуштете се – Причината поради која сите ги обожаваме летните авантури е затоа што тие се опуштени, едноставни и во поголемиот број од нив не чувствуваме буквално никаков притисок за ништо. Затоа немојте да почнете предвреме да паничите и оставете ги работите сами да се развиваат. Со премногу разговори за „тоа што ве чека во иднината“ можете само да го избркате вашиот партнер уште пред да заврши летото.

Освојте ги неговите/нејзините пријател(к)и – Летото е сезона на музика, забава и различни видови одлични коктели и други пијалаци. Но, што е заедничко за сите овие активности? Тоа што тие секогаш се одвиваат во друштво. Поради тоа сигурно ќе имате можност да ги импресионирате и убедите неговите/нејзините пријатели дека вие сте најкул личност која тие некогаш ја запознале. Доколку успеете да им оставите добар впечаток тие ќе ве спомнуваат и кога нема да бидете во нивна близина и на тој начин ќе предизвикуваат враќање на интересни спомени во главата на вашиот партнер.

Избегнувајте го креветот – Верувајте, доколку единствената „топлина“ која ја чувствувате помеѓу вас се појавува помеѓу чаршафите, тогаш со сигурност нема да успеете да стигнете многу далеку по пристигнувањето на пониските температури. Олимпијадата во креветот може да биде многу забавна, но на тој начин можете да се запознаете само физички. Пробајте да направите некаков баланс, така што да можете да имате време и за подолги разговори преку кои ќе можете да го процените карактерот на вашиот партнер.

Зачинете ги малку работите – Но, не на начинот на кој во моментов си помисливте… Станува збор за нешто помалку сензуално од вообичаено. За девојките – одберете летен парфем со мирис на цимет, ванила или пак малина и имајте го постојано на себе. Миризбата ќе се запечати длабоко во неговиот мозок и потоа секој пат кога ќе налета на неа ќе помисли на вас. За момците – ви предложуваме да употребувате парфем со мирис на „лето,“ „море“ или некое покисело овошје како јаболко. На тој начин ќе го имате истиот ефект и врз вашата партнерка…

Бидете искрени со себе и со него/неа – Пред да одлучите што било, прво добро размислете дали навистина сакате да продолжите и понатаму со врската кога ќе се вратите во реалноста. Бидете сигурни дали тоа е тоа што го сакате, но и дали тој/таа го сака истото како вас. Потоа на ред доаѓа сериозниот разговор – доколку сте искрени со вашиот партнер, тој/таа ќе го почувствува тоа и ќе ви возврати со иста мера.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар