Имате ли планови за вечерва? Што велите за несекојдневна коктел забава со најблиските? Разгледајте ја оваа листа на многу едноставни коктели, одберете ги оние кои најмногу ви се допаѓаат и веднаш јавете им се на вашите пријатели. До крајот на вечерта тие ќе бидат пријатно изненадени од вашите „шанкерски“ способности, а вие ќе имате одлична тема за разговор на вашата кафе пауза наредното утро…rnrn
Том Колинс
rnПотребни состојки:rn
– Џин (60 мл)
– Сок од лимон (20 мл)
– Обичен сируп (15 мл)
– Минерална вода
Начин на подготовка: Во шејкер ставете многу мраз и додадете ги џинот, сокот од лимон и сирупот. Мешајте неколку минути, па сипете го во чаша. Додадете минерална вода и парче лимон.rnrn
Вотка-сода
rnПотребни состојки:
– Вотка (60 мл)
– Минерална вода (120 мл)
– Сок од лимета
Начин на подготовка: Во чаша полна со мраз ставете ги вотката и минералната вода. На кратко промешајте. По ваш избор можете да додадете и свеж сок од лимета. Декорирајте со парче лимета.rnrn
Маргарита
rnПотребни состојки:
– Текила (60 мл)
– Трипл Сек (20 мл)
– Сок од лимета
Начин на подготовка: Во шејкер додадете многу мраз, текила, трипл сек и сок од лимета. Промешајте. На врвот околу чашата ставете малку сол и сипете го пијалакот. На крај декорирајте со парче лимета.rnrn
Антички
rnПотребни состојки:
– Виски (60 мл)
– Коцки шеќер
– Горка Ангостура (5 мл)
Начин на подготовка: Измешајте ги коцките шеќер со ангостурата во чашата. Потоа додадете мраз и виски. На крај како декоративен додаток употребете виткана кора од лимон.rnrn
Француски 75
rnПотребни состојки:
– Џин
– Сок од лимон
– Шампањ
Начин на подготовка: Во шејкер додадете ги истите состојки како и за Том Колинс, но овојпат употребете помалку џин и сок од лимон. Откако ќе промешате, сипете ги во чаша и додадете им шампањ. Декорирајте со виткана кора од лимон.rnrn
Москоу Мјул
rnПотребни состојки:
– Вотка (60 мл)
– Сок од лимета (20 мл)
– Обичен сируп (30 мл)
– Пијалак од ѓумбир
Начин на подготовка: Директно во чашата комбинирајте ги сокот од лимета, сирупот и вотката. Промешајте. Откако ќе завршите додадете и пијалак од ѓумбир. Декорирајте со зашеќерен ѓумбир.rnrn
Палома
rnПотребни состојки:
– Текила (60 мл)
– Сок од лимета (20 мл)
– Сок од грејпфрут (15 мл)
– Минерална вода
Начин на подготовка: Комбинирајте ја текилата, свежиот сок од лимета и грејпфрутот во чаша со сол околу врвот. Не мешајте. На крај додадете минерална вода. Декорирајте со парче грејпфрут.rnrn
Менхетн
rnПотребни состојки:
– Виски (5 мл)
– Благ Вермот (30 мл)
– Горка Ангостура (5 мл)
Начин на подготовка: Ставете ги количините вермот, ангостура и виски во шејкер со мраз и полека промешајте. Откако ќе завршите сипете во чаша и декорирајте со цреша.rnrn
Саутсајд Физ
rnПотребни состојки:
– Џин (60 мл)
– Сок од лимон (20 мл)
– Обичен сируп (20 мл)
– Ливчиња нане
Начин на подготовка: Во шејкер ставете ливчиња нане, сируп, џин и сок од лимон. Промешајте добро. Откако ќе завршите сипете ја комбинацијата во чаша со многу мраз и додадете минерална вода.rnrn
Космополитен
rnПотребни состојки:
– Сок од лимета (20 мл)
– Трипл Сек (20 мл)
– Сок од боровинки (15 мл)
– Вотка
Начин на подготовка: Во шејкер промешајте сок од лимета и боровинки, трипл сек и вотка. Откако ќе завршите сипете ја комбинацијата во студена чаша. Декорирајте со виткана кора од портокал.rnrn
Ел Дијабло
rnПотребни состојки:
– Текила (60 мл)
– Сок од лимон (20 мл)
– Ликер „Crème de cassis“ (20 мл)
– Пијалак од ѓумбир
Начин на подготовка: Во шејкер искомбинирајте текила, сок од лимон и ликер и промешајте. Откако ќе завршите сипете го во чаша со лед и додадете пијалак од ѓумбир. Декорирајте со парче лимон.rnrn
Минт Јулеп
rnПотребни состојки:
– Виски (60 мл)
– Обичен сируп (15 мл)
– Ливчиња нане
Начин на подготовка: Во чаша со лед ставете го сирупот, нането и вискито. Декорирајте со многу свежи ливчиња нане.
rnМерките за различните пијалаци во овие освежителни коктели можете слободно да ги прилагодите според вашиот вкус. Експериментирајте сè додека не го добиете совршениот летен коктел.
rn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

