КАФЕ ПАУЗА

Едноставна реченица од 2 збора што целосно може да ви го промени животот

Written by

in

,

Луѓето се навикнати да добиваат совети од друга личност, како и да ги даваат истите на некој друг, па изгледа затоа човечката психа преферира употреба на второ лице како средство за мотивација. Овој пат, станува збор за реченицата: „ТИ МОЖЕШ!“ Според научните истражувања, ова е подобар начин да се поттикнете самите, отколку да кажете: „Јас можам!“rnrnЕдноставна реченица од 2 збора што целосно може да ви го промени живототrnrnНа кој начин ова го подобрува вашиот досегашен перформанс? Луѓето преферираат да добиваат совети од друга личност, па затоа и за умот помоќно делува кога самите ќе си кажете „Ти можеш“, исто како некој друг да ви го кажал тоа. Охрабрувањето во второ лице еднина овозможува да добиете поширока перспектива, бидејќи на тој начин го репродуцираме оној вид охрабрување што го добиваме од другите.rnrnОд друга страна пак, една студија што била објавена во Европскиот журнал за социјална психологија во 2014 година, покажала дека оние што се си се обраќаат со „ти“ наместо со „јас“ имаат многу попозитивен став кон задачата што си ја поставиле, а најдобри резултати добиваат ако советите кон себе се напишани на лист хартија.rnrnПишувањето како начин на разговор со себе одамна се користи како терапевтски пристап, а во ситуациите каде што е потребна поголема самоконтрола, нема поефикасен метод.rnrnПрочитајте ги и овие цитати кои ќе ја зајакнат вашата мотивација!