Претходно
Новиот моќен Џип Вранглер
Најновото од легендарниот модел на Џип се вика Џип Вранглер Трејлдозер. Тој е конструиран за лесно да ги совлада предизвиците на Велигденското сафари во пустината Моаб во Јута, а за таа цел неговиот мотор е извонредно надграден.Овој модел е придвижуван од фантастичен V8 6,4-литарски мотор, кој обезбедува фантастични 470 коњски сили, а тоа го прави совладувањето на тешките терени за овој џип особено лесно.За разлика од перформансите, надворешниот изглед не е многу променет. Тој се заснова на веќе проверениот дизајн кој го направи Вранглер еден од најпопуларните теренци во светот.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.