КАФЕ ПАУЗА

Уникатни честитки за Св. Валентин

Уникатни честитки за Св. Валентин

Автори: Елена Јошеска и Симона РистоскаrnrnЗа оние кои ги сакаме не е потребен посебен празник или пак некој скап подарок за да им подариме малку повеќе внимание и љубов. Сè што е потребно, е малку инспирација и време за да создадеме нешто уникатно и несекојдневно. Зошто да не ја изненадите саканата личност со слатка порака во интересно изработена картичка?rnrnПодолу можете да погледнете неколку рачно изработени картички, кои сигурно ќе ви дадат некоја идеја, како и убави мисли за љубовта, колку за да добиете инспирација. Најважно од сè, уживајте во вниманието што го подарувате и насмевката која со сигурност ќе ја измамите кај саканата личност.rnrn

Уникатни честитки за Св. Валентин
„Понекогаш, твоето присуство ми го одзема здивот и сите нешта што сакам да ги кажам не можат да го пронајдат својот глас. Тогаш, во молк, можам само да се надевам дека моите очи ќе зборуваат место моето срце“ – Роберт Секстон
rnrn
Уникатни честитки за Св. Валентин
„Љубењето длабоко ти дава сила. Да бидеш љубен длабоко, ти дава храброст.“ – Лао Це
rnrn
Уникатни честитки за Св. Валентин
„Најдобрите и најубавите нешта во светот, не можат да се видат ниту да се допрат. Можат само да се почувствуваат.“ – Хелен Келер
rnrn
Уникатни честитки за Св. Валентин
„Ако знам што е тоа љубов, тоа е поради тебе“ – Херман Хесе
rnrn
Уникатни честитки за Св. Валентин
„Те сакам на овој начин затоа што не познавам друг начин на сакање. Те сакам на начин, во кој не постојам јас и не постоиш ти и сме толку интимни што твојата рака на моите гради е мојата рака, а кога заспивам и твоите очи се затвораат.“ – Пабло Неруда
rnrn
Уникатни честитки за Св. Валентин
„Најголемата љубов е онаа која ја буди душата и те тера да се бориш за повеќе, онаа која разгорува оган во срцето и носи мир во мислите. Тоа е она што ти ми го подари мене. И тоа е она за кое се надевам дека ќе можам вечно јас да ти го дарувам тебе.“ – Николас Спаркс
rnrn
Уникатни честитки за Св. Валентин
„Те сакам значи, те сакам повеќе од кој било друг што те сака, те сакал или ќе те сака, и исто така, те сакам на начин на којшто никој друг не те сака, ниту те сакал, ниту ќе те сака, и исто така, те сакам така како што никој друг, никогаш сакал ниту ќе сака некого.“ – Џонатан Фоер
rnrn
Уникатни честитки за Св. Валентин
„Мојата иднина е всушност решено прашање од минатото. Ти беше мојата прва љубов и ти ќе бидеш мојата последна.“ – Боб Дилан
rnrn
Уникатни честитки за Св. Валентин
„Љубовта нема никаква врска со она што очекуваме да го добиеме. Само со она што се очекува да го дадеме, а тоа е сè.“ – Кетрин Хепберн
rnrn
Уникатни честитки за Св. Валентин
„Велат дека кога некој навистина ти недостига, дека и таа личност го чувствува истото. Но не верувам дека е можно да ти недостигам толку, колку што ти ми недостигаш мене сега. “ – Една Милеј
rnrnrnОва се уште неколку предлог картички со кои ќе го израдувате вашиот партнер и кои перфектно го отсликуваат значењето на изреката „малите нешта го прават животот поубав“.rnrnУникатни честитки за Св. ВалентинУникатни честитки за Св. ВалентинУникатни честитки за Св. ВалентинУникатни честитки за Св. ВалентинУникатни честитки за Св. ВалентинУникатни честитки за Св. ВалентинУникатни честитки за Св. ВалентинУникатни честитки за Св. ВалентинУникатни честитки за Св. ВалентинУникатни честитки за Св. ВалентинУникатни честитки за Св. Валентин
rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.