Не ви е потребна рерна за да ја направите совршената чизкејк торта. За овој едноставен, но многу вкусен десерт ќе ви биде потребно многу малку време. Погледнете го најлесниот рецепт што постои.
rn
Состојки:
rn
- rn011
- 200 грама бисквити
- 4 лажици шеќер
- 4 лажици несолен путер, растопен
- 500 грама крем сирење
- 400 грама шеќер во прав
- 350 грама хопла
- Кора од 1 лимон
- 1 лажичка екстракт од ванила
- 600 грама малини
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rn
Подготовка:
rn1. Издробете ги бисквитите и измешајте ги со 1 лажица шеќер. Додајте го путерот и продолжете со мешање. Смесата ставете ја во тава и добро притиснете. Ставете ја во замрзнувач околу 10 минути.
2. Измешајте ги крем сирењето, шеќерот во прав, хоплата, кората од лимон и екстрактот од ванила, па матете додека не добиете хомогена смеса. Нанесете ја смесата врз тестото од бисквити и оставете ја тортата во фрижидерот околу 3 часа.
3. Измешајте половина од малините со 3-те лажици шеќер во мал сад. Гответе ги додека не добиете сос. Тргнете од оган и додајте ги останатите малини. Оставете го преливот барем 30 минути да се излади.
4. На крај, ставете го преливот врз тортата.
Добар апетит!
Погледнете го и овој едноставен рецепт за чизкејк со Нутела.

