КАФЕ ПАУЗА

Лесен начин да ги скриете сувите усни зад карминот

Усните се сметаат како сензуален дел од телото, па нивното нагласување може да направи жените да изгледаат попривлечно за спротивниот пол. Но, што кога ќе се соочите со суви усни, при што секое нанесување кармин ви изгледа како мало измачување? И покрај тоа што купувате различни балсами за усни, постои уште еден трик кој се покажал како многу покорисен. Сѐ што ви е потребно е мала крпа и вашата крема за очи.rnrnЛесен начин да ги третирате сувите усниrnrnЕве што да направите: Ставете ја крпата под топла вода, па со нежни кружни движења измазнете ја површината. Потоа, со показалецот ставете малку крема, количина со големина колку едно зрно грашок, па допирајте до усните сѐ додека тие не ја апсорбираат. На крај, нанесете го омилениот кармин.rnrnОвој метод е корисен затоа што кремата за очи содржи хидратантни состојки и е помалку мрсна од балсамот, така што ќе резултира со подолго траење на карминот. Сепак, продолжете паралелно и со користење балсам и пијте многу повеќе вода, со цел побрзо да ги освежите усните и да се ослободите од овој здодевен проблем.