Претходно
Целата рокенрол историја во 100 рифови
Алекс Чедвик, вработен во компанијата за поправка и продажба на стари гитари Chicago Music Exchange, хронолошки поврзал вкупно 100 гитарски рифови од рок хитовите од 1952 година до денес.
Ова видео било направено со цел да промовира една наградна игра организирана од страна на компанијата. На него Алекс, на својот Фендер од 1958 година, за нешто повеќе од 12 минути ја презентира целата историја на рокенролот, при тоа неосетно поврзувајќи рифови од песните на Битлси, Ролинг Стоунс, Квин, па сè до Вајт Страјпс и Франц Фердинанд.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.