Луѓето кои спијат на грб со рацете покрај телото се тивки и резервирани, а оние кои ја гушкаат перницата се идеални пријатели, додека во положба фетус спијат луѓе кои се навидум „остри“. Ако спиете склопчени на страна вие сте друштвени, а оние кои се шират по целиот кревет се цинични. Според британскиот центар за проценка на сонот, положбата во која спиете ја открива вашата вистинска личност. Професорот Крис Иѕиковски, кој е автор на студијата, издвоил шест различни положби на телото: фетус, морска ѕвезда, слободно паѓање, војник, желба и трупец.rnrn
rnrnСпиењето на страна е најдобро за здравјето според старите Грци, додека инструкторите по јога препорачуваат спиење на десната страна, бидејќи така не се оптоварува срцето. Според некои средновековни записи пак, е добро половина сон да се помине на десната, а половина на левата страна.rnrnПоложбата морска ѕвезда и војник всушност претставуваат спиење на грб. Ваквата положба на телото го зголемува ризикот од ’рчење, проблеми со дишењето, проблеми со желудникот и парализа во сон. Положбата слободно паѓање е најдобра за желудникот, бидејќи му овозможува слободно да ја вари храната.rn
Положба фетус
rnЛуѓето кои спијат во положба фетус често се навидум „тврди“, а всушност се многу сензибилни. На прв поглед се срамежливи, но бргу се ослободуваат. Положбата фетус е најзастапена, а повеќе ја практикуваат жените од мажите.rn
Морска ѕвезда
rnЛичности кои спијат со двете раце околу перницата се карактеризираат како добри пријатели. Тие секогаш имаат време да ги слушаат луѓето и да им пружат помош. Не сакаат да бидат во центарот на вниманието.rn
Слободно паѓање
rnОние кои спијат на стомак, со рацете околу перницата и главата завртена настрана, вообичаено се друштвени, но дрски луѓе со тенки нерви, кои не сакаат екстремни ситуации и критики упатени на нивна сметка.rn
Војник
rnСпиењето на грб со рацете покрај телото е карактеристично за тивки и резервирани луѓе кои не сакаат гужва и бучава. Овие личности себеси си поставуваат високи стандарди, но тоа го бараат и од другите.rn
Положба желба
rnЛуѓето кои спијат на бедрата со испружени раце вообичаено се отворени, но знаат да бидат цинични и недоверливи. Тие ретко ги менуваат своите ставови и откако нешто ќе одлучат, никој не може да го смени нивното мислење.rn
Положба трупец
rnОние кои спијат на грб со двете раце поставени на телото, се едноставни и друштвени личности кои сакат да бидат во гужва. Не се плашливи и веруваат секому, поради што се сметаат за лековерни.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
