Индустријата на салоните за нега на ноктите расте неверојатно брзо, но она што луѓето не го знаат е дека козметичарките, но и оние кои ги посетуваат овие салони се изложени на секаков вид хемикалии. Токму затоа погледнете ги следниве скриени опасности кои се наоѓаат во лаковите за нокти и за кои никој не зборува…rnrn
rnrnПоголемиот дел од производите за нокти содржат голем број опасни хемикалии. Најчесто во нив можете да ја најдете состојката формалдехид која создава рак и го нарушува ендокриниот систем. Меѓу другото, содржат и толуен, како и дибутилфталат, кои исто така се многу штетни за оние кои работат во салоните за убавина.rn
Толуен
rnСтанува збор за растворувач кој ви дава сјај на ноктите. Но, тој исто така може да влијае и врз централниот нервен систем, како и да доведе до голем број репродуктивни проблеми. Толуенот најчесто се користи како адитив во бензинот.rn
Дибутилфталат
rnОваа состојка се додава во полирањето со цел да овозможи флексибилност. Но, исто како и толуенот, така и таа е позната по создавањето различни видови репродуктивни проблеми.rn
Формалдехид
rnФормалдехидот најчесто се користи за зајакнување на ноктите, но истовремено е познат и како канцерогена состојка која може да создаде различни видови рак.rnrnОние кои работат во салоните се постојано окружени со овие хемикалии, па токму затоа и плаќаат огромна цена. Тие често страдаат од иритација на кожата, патат од алергиски реакции, имаат проблеми со дишењето, мачнина, контракција на мускулите, па дури по долготрајна изложеност можат и да развијат рак.rnrnСтудиите покажале дека оние кои се многу изложени на овие хемикалии често имаат репродуктивни проблеми, како што се предвремен пораѓај, спонтан абортус и други видови компликации во бременоста. Токму затоа ве советуваме да користите производи за нокти кои не содржат формалдехид, толуен, ниту дибутилфталат.rnrnОдбирајте ги мудро овие производи со цел да го заштитите вашето здравје, но и здравјето на оние околу вас!