Вистинска уметност е да успееш да усогласиш две фотографии, правејќи едно невидено дело кое успева да ги спои далечното минато и сегашноста.
Поголемиот дел од фотографиите се направени во Берлин и во Москва, а истите спојуваат моменти и локации во временска дистанца поголема од 60 години, односно помеѓу Втората светска војна и денес. Земајќи стари фотографии од Втората светска војна, Рускиот фотограф Сергеј Ларенков внимателно ги обработил со додавање елементи од поново време, на тој начин оживувајќи го минатото.

