10 интересни факти за милијардерот Карлос Слим
Мексиканскиот бизнисмен Карлос Слим веќе неколку години по ред важи за најбогатиот човек на светот според листата што ја изготвува магазинот Форбс. Неговото богатство и покрај загубите во економската криза останува над 70 милијарди американски долари, а го стекнал кревајќи ги од дното компаниите кои ги купил додека пропаѓале. Ова се 10 интересни факти поврзани со него.1. Роден е во Мексико Сити на 28 јануари 1940 година во семејство на Либански емигранти. Неговиот татко емигрирал сам во средноамериканската држава уште додека имал 14 години, а по некое време почнал да се занимава со разни бизниси од кои заработил големо богатство.
2. Карлос Слим исто така започнал со малку пари кои ги добил од татко му, а империјата ја создал со инвестициите во енергетскиот, телекомуникацискиот и градежниот сектор. Првата инвестиција ја направил на 11 години во банкарскиот сектор.3. Неговото богатство е толку големо што изнесува цели седум проценти од бруто националниот доход на Мексико. Кога би го поседувал истиот процент во САД, тоа би изнесувало повеќе од 900 милијарди долари.
4. Тој е првиот бизнисмен од земја во развој којшто стигнал на врвот на листата на најбогати луѓе на светот.
5. Слим и неговата сопруга Сумаја имаат шест деца, а неговите тројца синови се поставени на битни позиции во неговите компании. Неговата сопруга почина во 1999 година, а била вклучена во бројни филантропски проекти поддржани од Слим.
6. Тој е неверојатно скромен. За разлика од многу други богаташи, тој практикува доста едноставен живот. Сè уште сам се вози на работа, а неговото обезбедување е незабележливо.7. Карлос Слим живее во истата куќа во која живеел и пред триесет години. Не поседува куќа надвор од Мексико, ниту пак јахта.
8. По професија е градежен инженер. Дипломирал на Националниот автономен универзитет во Мексико Сити и до ден денес е верен навивач на школскиот фудбалски тим Пумас.
9. Карлос Слим е страстен колекционер на уметнички дела. Се претпоставува дека поседува најголем број скулптури од Огист Роден надвор од Франција. Тие се изложени во музеј во Мексико Сити, крстен според сопругата на Карлос, Сумаја.
10. Тој е голем филантроп. Неговите донации најчесто завршуваат во областа на медицинските истражувања, трансплантацијата на човечки органи и изградбата на спортски центри во сиромашните краишта.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
mi se dopaga