КАФЕ ПАУЗА

Кинопроекции на отворено море

Кинопроекции на отворено море

Written by

in

Замислете како вашиот култен филм го гледате среде отворено море, на удобен сплав, кој повремено се занишува од брановите… Би сакале ли, покрај со миризбата на солените пуканки, атмосферата да ја зачините и со свежината на морските широчини, додека нозете ви се брцнати во солената вода?rnrnОрганизаторите на тајландскиот филмски фестивал „Fil on the Rocks Yao Noi“, се одлучиле за токму вакви кинопроекции. За љубителите на големото платно, тие го создале најдоброто кино досега, односно првата киносала, која лебди над вода. Удобните седишта ги поставиле на сплавови, сместени во преубав залив, опркужен со високи карпи и со џунгла.Кинопроекции на отворено мореОваа најкул киносала во светот, наречена „Кино Архипелаг“, е дело на архитектот Оле Шерен. Тој градбата ја конструирал од рециклирани материјали, кои после фестивалот завршиле кај жителите на најбликото тајландско село.rn
rn

„Дури и помислата да гледате филм тука е шокантна. Ве обзема безвременско чувство, кога ќе го видите целиот аудиториум како лебди над водената површина, фокусиран на подвижни слики среде отвореното море“, изјавил Шерен за време на фестивалот.

rnКинопроекции на отворено мореКинопроекции на отворено мореКинопроекции на отворено мореКинопроекции на отворено мореКинопроекции на отворено мореКинопроекции на отворено море
rnrn


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.