КАФЕ ПАУЗА

Неколку совети за рамен стомак

Неколку совети за рамен стомак

Правилната исхрана и редовното вежбање се двата клучни фактори за рамен стомак. Ова се неколку интересни совети кои ќе ви помогнат побрзо да го постигнете тоа.rnrnНеколку совети за рамен стомакrn

1. Масирајте го стомакот

rnМасирајќи го стомакот вие го забрзувате процесот на варење на храната. Затоа треба со целата дланка со кружни движења да го масирате стомакот по јадењето.rn

2. Држете го телото исправено

rnПравилното држење на телото е одлично за стомачните мускули. Се препорачува, 3 до 5 пати во денот додека седите да го вовлекувате стомакот.rn

3. Секој залак џвакајте го долго

rnДоколку многу брзо ја голтате храната и разговарате за време на оброкот, во стомакот влегува голема количина на воздух. Покрај тоа, јадејќи брзо, внесувате многу повеќе храна отколку што навистина ви е потребно за да се најадете.rn

4. Избегнувајте сол

rnЕдна од клучните причини за таложење на масните наслаги е солта. Токму затоа гледајте да ја консумирате во многу мали количини.rn

5. Пијте напитоци од лимон и ѓумбир

rnСекое утро пијте по една чаша напиток направен од свеж лимон и ѓумбир, со што ќе го забрзате метаболизмот.rn

6. Јадете цели житарки

rnВо прилика кога сакате да посегнете по јаглени хидрати одберете житарки кои бавно се варат, како што е лебот направен од цели житарки кој ја изедначува количината на инсулин во крвта.rn

7. Секојдневно јадете јаболка

rnЈаболката директно влијаат на мускулната моќ и губењето на маснотиите. Тие ја подобруваат работата на гените задолжени за согорување на мастите и го намалуваат создавањето и складирањето на мастите.rn

8. Консумирајте авокадо

rnАвокадото е богато со мононезаситени масни киселини, кои не се складираат во телото како масти.rnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.