Познатите во South Park

Сподели

South Park е американска анимирана ситком серија која сигурно барем еднаш случајно или намерно сте ја „начекале“ на некој телевизиски канал. Серијата е наменета за возрасна публика, затоа што изобилува со црн хумор, нереалност и сатира, кои се однесуваат на најразлични теми. Создадена е од Треј Паркет и Мет Стоун. Своето телевизиско деби серијата го имаше во 1997 година, кога постигна огромен успех и висока гледаност. Главните ликови во серијата се четирите деца Стен Марш, Кајл Брофловски, Ерик Картмен и Кени Меккромик, а во секоја епизода се раскажува некоја необична случка која им се случува на нив во градот Колорадо.

Реклама

rnОние кои редовно ги следат епизодите на South Park знаат дека продуцентите честопати внесуваат познати ликови од светската музичка и политичка сцена, со цел да исмеат некоја нивна лична карактериситка или да потенцираат нешто што тие направиле. Мајкл Џексон, Бритни Спирс и Барак Обама се само некои од „среќниците“ кои успеале да влезат во некоја епизода од оваа серија. Погледнете кои се другите познати личности кои имаа свое појавување во South Park:

Мајкл Џексон
Дедо Мраз и Исус
Металика
Слипнот
Токио Хотел
Садам Хусеин и сатаната
Линкин Парк
Барак Обама
Radiohead
Париз Хилтон
Том Круз
The Jonas Brothers
Џорџ Лукас, Индијана Џонс и Стивен Спилберг
Сестрите Кардашијан
Дејвид Духовни
Џокер
Спајдермен
Бетмен
Бритни Спирс

Популарно

Може ќе ве интересира