Риби и рак – пријателска комбинација

Риби и рак – пријателска комбинација

Ова може да биде пријателство кое ќе им создава огромно задоволство и среќа на двата хороскопски знака. Будалестиот рак умее да ја насмее рибата дури и кога ѝ се плаче. На сличен начин, рибата може да почувствува кога на ракот му е потребна широка утешителна прегратка.Риби и рак – пријателска комбинацијаПостои голема веројатност овие двајца пријатели да не мораат гласно да си ги кажуваат нивните чувства, стравови или очекувања еден од друг, бидејќи раковите и рибите поседуваат навистина силна интуиција.

Ракот го обожава добриот вкус за филмови кој го има рибата, додека пак таа ги обожава неговите кулинарски способности. Рибата му се восхитува на чувството за менаџирање на парите кое го има ракот, додека пак тој се воодушевува на хуманата страна која ја поседува рибата. На ракот му е интересна бујната фантазија на рибата, додека пак таа ја обожава неговата смисла за хумор.

Постојат ли некакви недоразбирања помеѓу овие навидум совршени пријатели? Секако дека да, бидејќи ниеден човек не е совршен. „Откачениот“ начин на однесување на рибата, може понекогаш да ги повреди емоциите на ракот, особено кога таа ќе заборави дека требале да се сретнат или ќе изуми да му честита роденден/празник. Од друга страна, рибата смета дека особината на ракот да се однесува со луѓето кои ги сака погрижливо и од мајките кон своите деца, понекогаш навистина го задушува. Исто така, рибата некојпат ќе се измори од постојаните предупредувања од ракот дека треба да биде повнимателна со парите. Ракот пак ќе се напне од постојаното доцнење на рибата. Без разлика на овие нивни мали препреки, рибата и ракот се сродни души, кои уживаат во времето што го поминуваат заедно и можат да оформат многу цврсто пријателство.

Овие двајца пријатели немаат проблем да најдат активности во кои секој од нив подеднакво ќе ужива. Како водни знаци, рибата и ракот ги привлекуваат реки, плажи и базени, па добро би им дошло доколку отпатуваат заедно на некое место покрај вода. Што се однесува до нивната креативна страна, нив може да им се интересни хобија како сликање, фотографија, изработка на глинени предмети, интерпретација на сонови и читање поезија.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар