КАФЕ ПАУЗА

Се прашувате зошто јадете повеќе? Ќе се изненадите, бидејќи од оваа храна станувате погладни

Звучи чудно, но сигурно сте забележале дека некогаш после оброкот огладнувате многу брзо и веднаш чувствувате нова потреба за храна. Понекогаш тоа чувство се јавува побрзо отколку што сме очекувале, особено после консумацијата на одреден вид храна.rn

„Гладот е резултат на многу сложени интеракции кои се одвиваат во желудникот, цревата, мозокот, панкреасот и крвотокот“ – вели д-р Сју Декотис. Таа објаснува дека навистина постои храна која прави да се чувствуваме погладно.

rnЕве која храна ни делува така…rnrn1-se-prashuvate-zoshto-jadete-povekje-kje-se-iznenadite-bidejkji-ova-hrana-pravi-da-se-chuvstvuvate-pogladno-www.kafepauza.mk_rn

1. Бел леб

rnЕдна интересна студија спроведена во Шпанија покажала дека луѓето кои консумираат две или повеќе парчиња бел леб имаат околу 40 проценти поголеми предиспозиции за прејадување. Односно, белото брашно кое се користи за правење на белиот леб ја нема надворешната лушпа, која е заслужна за чувството на заситеност, вели доктор Декотис.rn

2. Сокови

rnДобро е познато дека поголемиот дел од купените сокови, дури и оние кои се рекламираат како здрави и природни, се преполни со шеќер и без многу хранливи материи како на пример хранливи влакна. После пиењето ваков пијалак ќе се чувствуваме само погладни, објаснува Митзи Дулан, која е авторка на неколку книги за диета и здрава исхрана. Најдобро е сами да пригответе вкусен, густ, кашест сок – смуди од свежо овошје, во кое може да додадете кесичка протеински прав или пак масло од орев за зголемување на чувството на ситост.rn

3. Житарици

rnИако многумина мислат дека изеле здрав оброк, поголем дел од житариците се полни со шеќер и штетни додатоци. Затоа и не е многу чудно зошто чувствувате глад после јадењето на вашите омилени житарици наутро. Заменете ги со поздрава варијанта како оние од цели зрна, а засладете ги со суво овошје, или на пример исечкана банана или пак јаболко.rnrn2-se-prashuvate-zoshto-jadete-povekje-kje-se-iznenadite-bidejkji-ova-hrana-pravi-da-se-chuvstvuvate-pogladno-www.kafepauza.mk_rn

4. Пица

rnРетко на кого му е доволно едно парче пица и притоа да не посака повеќе. Пицата е преполна со бело брашно, хидрогенизирани масла, преработени кашкавали и разни други материи кои ги збунуваат деловите на мозокот кои се задолжени за регулирање на гладот. Здраво решение: домашна пица од интегрално брашно, многу зеленчук и мала количина на сирење и месо.rn

5. Чипс и други солени грицки

rnСе сложуваме дека е многу тешко да му одолеете на солениот чипс, но токму оваа храна нè тера да посегнуваме по уште. Нутриционистите советуваат дека после оваа солена, калорична бомба ќе посегнеме по нешто благо за да воспоставиме рамнотежа во организмот. Со поедноставни зборови, кога со сласт ќе изедете полна кесичка чипс, во организмот се создава чувство на „сега сум полн/а со солено“, време е „за благо“.rn

6. Брза храна

rnНа сите ни е познато дека треба да ја избегнуваме брзата храна. Синџирите за брза храна сè почесто на своето мини ставаат оброци кои ги означуваат како здрави. Но внимателно – овие ресторани се смислени со цел за да посакате да изедете повеќе отколку што ви е потребно. Сè е така дизајнирано за да ги умртви вашите сензори за контрола на апетитот.rnrn3-se-prashuvate-zoshto-jadete-povekje-kje-se-iznenadite-bidejkji-ova-hrana-pravi-da-se-chuvstvuvate-pogladno-www.kafepauza.mk_rn

7. Алкохол

rnТука нема што да се објаснува – алкохолот прави да се чувствуваме погладно! Алкохолот го смалува нивото на лептин кој влијае на слабеењето (затоа луѓето кои имаат недостаток на лептин не можат брзо да ги изгубат килограмите).rn

8. Тестенини од бело брашно

rnТоа што важи за белиот леб, важи и за тестенините од бело брашно. Исто така тестенините во комбинација со вкусни сосови ќе направат да посакате повеќе. После внесувањето на голема количина јаглехидрати, панкреасот нема да може да произведе доволно инсулин.rn

9. Вештачки засладувачи

rnВештачките засладувачи му праќаат порака на нашиот мозок дека стигнува шеќер, а тоа ја зголемува желбата за повеќе шеќер. Затоа следниот пат добро размислете дали ќе ставете вештачки засладувач во вашето кафе.