Кучињата не знаат да позираат. Тие секогаш се опуштени пред фотоапаратот и го покажуваат своето вистинско лице, а тоа многу умешно го користи Сет Кастел, американски фотограф којшто специјализирал фотографија на домашни миленичиња. Знаејќи го фактот дека кучињата ќе му понудат искреност која ќе може да ја пренесе преку фотографии, тој се одлучил на еден несекојдневен чекор, да направи фотосерија со кучиња снимени под вода.rnrn
rnrnПрвата задача на Кастел била да ги предизвика кучињата на акција, а тоа го постигнал со помош на топче. Ги сликал додека ја бркале нивната омилена играчка под водата, а притоа во секоја фотографија ја доловил одлучноста на животното додека е во поход.rnrn















rnrnДоколку ви се допаднаа овие подводни фотографии, проверете како изгледаат човечки модели кога позираат под вода.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
