Држите диета според која смеете да внесувате мало количество калории во организмот и одлично ви оди, но сепак имате проблем… гладувате. Цело време размислувате за храна и за тоа што би можеле во тие моменти да каснете. Пробајте да се придржувате до овие совети, кои можат да ви помогнат да го победите гладот и да останете задоволни помеѓу оброците.rnrn
Направете избор на енергетска храна
rnПрвото правило за да не се чувствувате гладни помеѓу оброците е да одбирате храна која нуди голем број хранливи материи. Една лименка Кока-кола има исто калории колку тост со кашкавал, но сепак ефектот е сосема различен. Кока-колата ќе предизвика покачување на нивото на шеќер во крвта, кое потоа брзо ќе се спушти, правејќи да се чувствувате слаби и нервозни во следниот час. Тостот со кашкавал содржи хранливи влакна и протеини, кои ќе му помогнат на телото да издржи до следниот оброк.rnrn
rnrnНајдобро е да јадете три балансирани оброка и една закуска секој ден. Правете избор од овошје, зеленчук, мешункасти плодови, зрнести плодови, млечни производи со ниска масленост и малку месо. Храната полна со хранливи влакна е најдобра за да се остане сит, бидејќи тие бавно се варат оставајќи ве подолго задоволни од чувството во стомакот. Останете настрана од преработена храна која изгледа вкусно, но е преполна со непотребни калории. Гледајте да пиете многу вода, бидејќи дехидрирањето може да го успори вашиот метаболизам.rnrnДали обожавате да јадете житарици за појадок? Можеби палачинки или ѓеврек? Кој и да е вашиот избор, обидете се секогаш да го искомбинирате со свежо овошје. Исто така, можете да најдете безброј рецепти за печење овошен леб. Во него можете да додадете свежо или сушено овошје, а маслото за готвење да го замените со сок од јаболко, тиква или сладок компир.rnrn
rn
Пијте сокови од цедено овошје
rnМногу е важно да ја внесувате дневната доза на овошје во организмот. Во повеќето денешни џусови се исфрла пулпата од сокот, со што се намалува количината на хранливи влакна. Тие се тешко варливи елементи на секое растение кое помага дигестивниот систем да функционира правилно. rnrn
rnrnИстражувањата покажуваат дека јадењето големо количество хранливи влакна помага при борбата со срцеви заболувања, шеќерна болест, дигестивни нарушувања, дебелината и некои видови рак. Многу е важно, доколку решите да си правите свој џус од свежо овошје, да ја оставите пулпата и да го извлечете максимумот од овошјето.rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
