Во четврток, на 26 ноември, во САД се слави Денот на благодарноста (Thanksgiving). Тоа е еден од најважните празници во Америка, кога милиони луѓе патуваат за да бидат со семејството.
Кога се слави
Денот на благодарноста секогаш паѓа во четвртиот четврток во ноември. Како национален празник го прогласил претседателот Абрахам Линколн во 1863 година.
Празникот потекнува од приказната за првите доселеници во Америка, кои во 1621 година по успешната жетва организирале заедничка гозба со домородните Американци.
Зошто баш мисирка
Мисирката е голема, па доволна е за цело семејство, а била и вообичаена птица во Северна Америка. Со текот на годините станала главен симбол на празникот.
На трпезата се уште пире од компири, сос од брусница, полнење од леб и зачини и, се разбира, пита од тиква.
„Помилувањето“ на мисирката
Една од најсмешните традиции се одржува во Белата куќа. Секоја година претседателот на САД свечено „помилува“ една мисирка, која наместо на трпеза, остатокот од животот го поминува на фарма.
А потоа – Black Friday
Денот по празникот е познатиот Black Friday, кога почнува сезоната на новогодишно пазарување. Годинава тоа е на 27 ноември.
Благодарноста е добра и за нас
Можеби не славиме Thanksgiving, но идејата зад него вреди. Психолозите велат дека луѓето што редовно се потсетуваат за што се благодарни, се чувствуваат поспокојно и посреќно.






