Брзи и вкусни: Рецепт за тестенини со кари и печурки
Ако ви е доста од класичниот начин на приготвување на тестенините, денес ви споделуваме малку поинаков рецепт во кој главната улога ја имаат зачините.
Потребни состојки:
- 500 грама шпагети по избор,
- 150 грама кари,
- 1/2 килограм печурки,
- 125 грама путер,
- 1,5 децилитри бело вино,
- сок од 1/2 лимон,
- суво грозје,
- сол и црн бибер
Начин на подготовка:
Сварете ги тестенините во зовриена вода, исцедете ги и оставете ги настрана. Исчистете ги шампињоните, исечете ги на ленти и пржете ги во путер со додавање на бело вино и кари, сол и бибер по вкус. На крајот истурете неколку капки сок од лимон и додадете суво грозје и прелијте ја смесата врз тестенините. Послужете додека се топли. На здравје!
Откако го прочитавте нашиот денешен предлог, можеби ќе сакате да го прочитате и овој австриски рецепт за печени тестенини со шунка и сирење.
Извор: citymagazine.danas.rs