КАФЕ ПАУЗА

Непредвидлива и посебна: Дознајте каква е омега жената!

Непредвидлива и посебна: Дознајте каква е омега жената!

Таа е дел од толпата, но секогаш живее и експериментира на работ. Таа ги следи другите, но ако погледнете повнимателно, таа тивко го гради својот пат. Се движи многу бавно и трпеливо. Но, не треба да ја потценувате! Иако е скромна, таа жестоко ќе ги брани своите најблиски!rnrn(1) Непредвидлива и посебна: Дознајте каква е омега жената!rnrnСега засега, таа се прилагодува на околината, но полека се приближува времето кога ќе заблеска и ќе се издвои од толпата. Некои погрешно ќе ја разберат. Ќе мислат дека е комплицирана, чудна и незгодна. Но, ќе изгубат многу време ако мислат дека ќе ја измамат со нивните егоистични игри. Таа ќе се бори и ќе ги остави да мислат дека се супериорни за да ја добијат битката. Но, таа знае дека тие нема да победат во психолошката војна.rnrnТаа е како бунтовничка сила со шепот посилен од ураган. Таа формира мислење за секој човек кој ќе го пресретне на патот и кој ќе се соочи со нејзиниот треперлив поглед. Нејзината убавина е неверојатна, како древна ѕвездена светлина која ја милува планината и ѝ ги пренесува своите длабоки емоции на полноќната месечина.rnrnТаа била повредена и злобно нападната и затоа е многу внимателна. Таа се обидува да ја одбегне опасноста од започнувањето војна со оние кои сакаат да ја измачуваат и исмејуваат. Но, немојте да се излажете и да помислите дека нејзиниот повреден став е знак на слабост или страв. Таа има силен карактер кој пулсира во нејзините вени и застрашувачки оган кој може да предизвика ненадеен пожар во секој момент.rnrnТаа делува воздржано, но многу е силна и мудра. Секогаш внимателно набљудува и собира различни вештини и знаење, за да може да се ослободи кога ќе почувствува дека пристигнал нејзиниот судбоносен момент.rnrnИ покрај болката што ѝ била нанесена, таа ги прифатила сите туѓи фрустрации и нервози и нежно ја ублажила нивната напнатост. Луѓето погрешно го разбираат нејзиниот ранлив надворешен изглед. Токму затоа, кога ќе ја изгубат од нивниот живот, долго време жалат и копнеат по неа. Тие ќе тагуваат гласно со надеж дека нивните крикови ќе стигнат до неа, а таа ќе ги чуе нивните одекнувања, но никогаш нема да се врати назад.rnrnНаскоро ќе се преобрази во осамен воен волк, со силен сјај во очите. Таа знае дека била сакана и таа ги сакала другите, но исто така знае дека мора да се стави себеси на прво место, да се ослободи од оковите и да отиде на непознато место со сета нејзина храброст и гордост.rnrnТаа копнее по нежна, слободна и волшебна љубов, па затоа ќе талка во близина на осветлениот океан каде што ќе може расплетка јазлите и да ги излекува раните. Еден ден, универзумот со сигурност ќе ја заштити, а таа ќе се пронајде себеси во неговата закрила.rnrnДоколку не се сметате себеси за омега жена, дознајте дали сте алфа жена.