Можеби ќе ве изненади фактот дека кучињата во просек разбираат околу 165 човечки зборови. Иако не можат да зборуваат, кучињата секогаш се обидуваат да комуницираат на нивен начин. Погледнете ги резултатите од едно истражување што ни го откриваат значењето на секој вид лаење на вашето куче.rnrn
rn
„Ова е важно“
rnМожете да одредите дали вашето куче е возбудено ако го слушате ритамот на неговото лаење. Ако лае „брзо“, тоа се обидува да ви каже дека нешто е итно. Ако лаењето на кучето е „развлечено“, со подолго паузи, тоа значи дека не е заинтересирано.rn
„Осамено сум“
rnКога вашето куче се чувствува осамено, неговото лаење ќе биде долго, со паузи помеѓу секој сет лаење. Кучињата многу често и завиваат, а на овој начин сакаат да ви кажат дека се покрај вас и им треба вашето внимание.rn
„Дојди поблиску“
rnАко кучето сака да ви каже дека е безбедно да се приближите, тоа ќе почне да лае со потенок глас. Овој тон на гласот е често поврзан со малите животни, па кучето сака да ви каже дека не е опасно.rn
„Држи се настрана“
rnСигурно инстинктивно знаете кога некое куче не сака да му се приближите. Најчесто знак за ова е ржењето.rn
„Здраво!“
rnКучињата обично залајуваат еднаш или два пати, и тоа со повисока фреквенција кога сакаат да се поздрават. Ова исто така значи дека се среќни што ве гледаат.rn
„Ми треба…“
rnВашето куче ќе ви каже дека сака нешто со цимолење кое завршува со тенок глас. Колку почесто и погласно е цимолењето, толку повеќе вашето куче е приврзано за тоа што го бара.rn
„Ајде да одиме“
rnОд друга страна, цимолењето кое постепено стивнува без повишување, е знак дека кучето сака да излезе надвор или пак, чека да му го фрлите топчето за да си игра.rn
„Овде сум“
rnЗавивањето е знак дека вашето куче бара внимание. Понекогаш на овој начин кучињата кажуваат дека некоја територија е нивна.rn
„Престани“
rnКога вашето куче е изнервирано, тоа ќе искористи кратко и брзо лаење со подебел глас.rn
„Тажно сум“
rnКога вашето куче воздивнува, можеби ви кажува дека се откажало за нешто. Како и луѓето, тоа ја испушта тензијата од некоја стресна ситуација. Многу често воздишките се знак за тага.rn
„Среќно сум“
rnНо, воздишките може да бидат и знак на среќа. Затоа е важно да ги толкувате во контекст со ситуацијата.rn
„Ајде да си играме“
rnКога вашето куче лае испрекинато, тоа сака да ви каже дека му се игра и дека сака да се забавува со вас.rn
„Се плашам“
rnКратките лаења се знак дека кучето се плаши од некоја ситуација. На овој начин тоа го признава својот страв.rn
„Не се откажувам“
rnКога кучето одржува едно лаење подолго време, тоа значи дека е самоуверено за некоја одлука и за сигналот што сака да го прати. Ова значи и дека е подготвено за борба доколку е потребно.rn
„Следи ме“
rnВашето куче ќе завие доколку сака да го следите.rn
„Внимавај“
rnАко вашето куче лае брзо 2-4 пати, со паузи помеѓу сетовите, тоа се обидува да ви го привлече вниманието. Не мора да значи дека е исплашено, но сака да бидете повнимателни.rn
„Изненаден сум“
rnВашето куче ќе залае еднаш, брзо и високо ако е изненадено.rn
„Повреден сум“
rnКучињата цимолат кога чувствуваат болка. Овде станува збор и за физичка и за психичка болка (вина или страв).rn
„Подготви се за одбрана“
rnКога вашето куче сака да ве подготви за потенцијална закана, тоа ќе почне да лае бавно, со погруб тон во гласот, за да ве предупреди.rnrnПогледнете ги и знаците дека вашето куче чувствува некаква болка.