Како ќе ни влијае ретрограден Плутон почнувајќи од 1 мај?

Сподели

Од 1 мај до 11 јуни 2023 година нè очекува длабоко патување во нас самите. Плутон ќе го започне своето ретроградно патување на 1 мај во знакот Водолија каде ќе остане до 11 јуни.

Реклама

Транзитот на Плутон во Водолија означува почеток на нов циклус. Некои дури го дефинираат како влегување во ерата на Водолија. Плутон во Водолија, исто така, најавува голем технолошки напредок, појасен фокус на заедницата и човештвото, како и духовен развој.

Сè што носи Плутон има своја светла и темна страна – старото умира, новото се раѓа и се случуваат трансформации. Плутон го симболизира издигнувањето од пепелта и со себе ја носи енергијата на моќна и длабока трансформација на колективно ниво.

Ретрограден Плутон исто така нè повикува да погледнеме наназад и да оцениме како нашиот живот се трансформирал почнувајќи од 23 март 2023 година и да се запрашаме како се променивме во текот на овој период.

Мораме да бидеме трпеливи со сложените пораки кои ни ги испраќа Плутон, бидејќи тој го продолжува своето ретроградно патување низ знакот Јарец сè до ноември 2024 година.

Енергијата на ретроградниот Плутон може да биде застрашувачки моќна: кога е во директна фаза нè повикува да се соочиме со надворешни предизвици, а кога е во ретроградна, нè насочува да погледнеме длабоко во себе. Енергијата на Плутон понекогаш бара старото целосно да се распадне, да се скрши и да изгори за да се роди нешто ново. Ова значи раскинување со старите парадигми и идеи, што може да биде многу вознемирувачко на лично и на колективно ниво.

Во овој период нè очекуваат бројни лични трансформации, иако не без предизвици и тешкотии. Исто така, можно е многумина од нас да се соочат со желба за одмазда – треба внимателно да размислиме дали постапките мотивирани од овие емоции и потреби нè водат до нешто или не.

Доколку имате рани од минатото и чувства кои ви предизвикуваат болка, следните неколку месеци ќе бидат одлично време за справување со болното минато бидејќи енергијата на Плутон може да ви помогне да се ослободите од нив.

Исто така, одлично време е да се грижите за здравјето на сите нивоа. Промени во исхраната, медитација, психолошко советување и различни третмани – во овој период нивните ефекти ќе бидат засилени и поуспешни.rn

Прашања што можете да си ги поставите за време на ретрограден Плутон:

rnМожам да го трансформирам мојот живот со/покрај…rnНајмногу се плашам кога…rnНајмоќен/а сум кога…rnОвие работи повеќе не функционираат во мојот живот:……..rnЈа ослободувам контролата од/над ……

Откако прочитавте за влијанието на ретрограден Плутон, можеби ќе сакате да прочитате и како ќе ни влијае Марс во Рак до 20 мај.

Извор: sensa.mondo.rs

Популарно

Може ќе ве интересира